Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Укинати се 433 паралелки, ангажирани рекордни 1.524 образовни асистенти
    • Новиот кинески Закон за инфлуенсери стапува на сила
    • Иран до Трамп: Ова ти е фатална грешка
    • (ВИДЕО) Македонските превозници денеска на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје – Се бара укинување на ограничувањето од 90 дена за професионалните возачи
    • Сејф Сити го „откина“ Србинот: Му се собра да плати 3.000 евра за брзо возење во Македонија
    • И Полицијата се изненадила кога двунал – пијан возач приведен во Прилеп
    • Ковачки: Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за нови членови и воведува дигитално ажурирање
    • Времеплов: Целиот круг на предметот „Мазут“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Укинати се 433 паралелки, ангажирани рекордни 1.524 образовни асистенти

    Јаневска: Укинати се 433 паралелки, ангажирани рекордни 1.524 образовни асистенти

    31.08.2026 во 12:03Updated:31.08.2026 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата учебна 2026-2027 година започнува утре за 238 илјади ученици во основното и средното образование. Наставата ќе трае до 10 јуни, додека за матурантите ќе заврши на 17 мај, информираше денеска на прес-конференција министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

    Учебниците за новата учебна година се навремено набавени и испорачани до училиштата.

    „Трета година по ред, учебниците се навремено набавени во тираж кој го побараа училиштата. Истите се испорачани и уште утре можат да им бидат поделени на учениците. Задоволство ми е што прашањето за учебници повеќе не е предизвик како во минатото. Годинава, набавени се 622 илјади учебници и остварени се заштеди од 50 милиони денари споредбено со годината пред да го преземам раководењето со оваа институција“, рече Јаневска.

    Таа додаде дека целосно нови учебници се набавени за прво, второ и трето одделение, за осмо одделение, како и за втора година во гимназиското образование.

    Годинава во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти е воведена едносменска настава, а во тек е проширување на капацитетите на 14 училишта во Скопје и Градско. За поддршка на учениците со посебни образовни потреби ангажирани се 1.358 асистенти во основните и 166 во средните училишта.

    Во однос на бројот на ученици, учебната година ја започнуваат 174 илјади основци и 64 илјади средношколци, а во прво одделение се запишани 14.952 првачиња. Поради недостиг на ученици, времено се затвораат 26 подрачни училишта, а со оптимизацијата на мрежата укинати се 433 паралелки.

    „Сега таквите ги обединивме и затоа во образовниот систем ќе имаме 433 паралелки помалку годинава – 222 во основното образование и 211 во средното“, објасни министерката, нагласувајќи дека ниеден редовно вработен наставник не е отпуштен.

    Министерката најави и дека во март 2027 година вработените во образованието ќе добијат ново покачување на платите меѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од стапката на инфлација.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Македонските превозници денеска на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје – Се бара укинување на ограничувањето од 90 дена за професионалните возачи

    31.08.2026 во 11:52

    Сејф Сити го „откина“ Србинот: Му се собра да плати 3.000 евра за брзо возење во Македонија

    31.08.2026 во 11:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.