Close Menu
    Најново

    Експерти, а не ПР-кампањџии ќе го кројат планот за воздух: ВМРО-ДПМНЕ најавува крај на аматерските проекти

    21.12.2025 во 20:32

    Координативен состанок во Владата: Утврдени приоритетите и роковите за клучните реформи

    21.12.2025 во 16:07

    Се судрија два камиони кај Желино – повреден возач од „Македонија пат“

    21.12.2025 во 16:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Експерти, а не ПР-кампањџии ќе го кројат планот за воздух: ВМРО-ДПМНЕ најавува крај на аматерските проекти
    • Координативен состанок во Владата: Утврдени приоритетите и роковите за клучните реформи
    • Се судрија два камиони кај Желино – повреден возач од „Македонија пат“
    • Мицкоски: Образованието на мајчин јазик не е само потреба, туку длабока цивилизациска вредност
    • Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
    • Дала 60.000 денари за спас од проблеми: Измамник од Сарај ѝ продавал „волшебна амајлија“
    • Тешка ноќ на патиштата: Два „Голфа“ излетаа од коловоз, повредени се и малолетници
    • Ужас во Прилеп: 42-годишник претепал малолетничка и со сила ја пикнал во автомобил
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николоски: Развој на патната мрежа и подршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот

    Николоски: Развој на патната мрежа и подршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот

    23.09.2025 во 13:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Максимално сме отворени и излегуваме во пресрет и фаваме поддршка затоа што сте основен двигател на бизнисот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната средба со превозниците во Скопје.

    Николоски оцени дека е многу позитивен индикаторот за раст на секторот Транспорт и логистика во вториот квартал од 6,1 процент споредено со истиот период од минатата година. Тоа, посочи, е двојно повеќе од растот на БДП, што говори дека оваа индустрија се развива и уште има простор за раст. Во таа насока преземаме многу мерки, начин на распределба на ЦЕМТ дозволи до начин на пристап до Министерството.

    Ги претстави плановите за развој, како што рече, на силна патна и железничка мрежа.

    – Идејата е Македонија да го искористи потенцијалот како природна крстосница на двата паневропски коридора, 8 и 10 и во таа насока да развиеме силна патна и желеничка мрежа која ќе ги осплужува овие коридори, рече Николоски.

    Најави дека поголемиот дел од автопатот на Коридорот 10 следната година ќе биде реконструиран, исто како и обиколницата на Скопје. – Продолжуваме и со изградба на Коридорот 10 д, кој оди од Градско преку Дреново Фариш Прилеп до Битола и вториот граничен премин со Грција до Меџитлија, рече Николоски, најавувајќи дека за овие теми ќе разговара утре на средба со неговиот грчки колега.

    Николоски посочи и дека активно се гради автопатот од Прилеп до Битола, веќе е пуштен експресниот пат Градско Дреново Фариш, а многу скоро ќе се донесе одлука за изградба на делот од Фариш до Прилеп, што ќе значи целосно автопатско решение или експресен пат којшто ќе оди на Коридорот 10д.

    – На Коридор 8 пуштен е патот од Страцин до Крива Паланка, се работи на обиколницата, како и на проширување на ГП „Деве Баир“. На западната страна се работи на автопатот Тетово-Гостивар, Гостивар Букојчани, додека повикот за Букојчани-Кичево завршува на 30 септември. Додека автопатот Кичево-Охрид полека се става во функција и пуштени се 34 километри, посои министерот за транспорт Николоски.

    Во делот на логистиката најави дека следната година ќе почнат активности за изградба на инфаструктура за мултимодуларен јазол што треба да се наоѓа кај постојниот кај Трубарево и во продолжение на пресекот кај двата коридора. За поголема безбедност најави дека ќе се воведе интелигентен транспортен систем, а укажа и дека се во интензивен дијалог со ЕУ за решавање на проблемот со електронската евиденција за што очекува добри вести.

    – Со царината се спроведуваат проекти за нов едношалтрски систем со воведување еден електронски документ за превозниците на граничните премини, за што е при крај тендерот за софтверот. Се работи и на законска регулатива за пратките од големите логистички компании како Амазон, Тему, Али Баба. која исто така ќе го регулира овој пазар и ќе насочи серизни средства кон сите вас, соопшти Николоски.

    Како што беше посочено на денешната средба на превозниците, се преземаат сериозни чекори за обезбедување подобри услови за работа.

    За следната година нарачани се 1750 годишни ЕКМТ дозволи за меѓународе превоз на стоки за возила со Eуро 6 стандард, 2016 месечни ЕКМТ дозволи за возила со Eуро 6 стандард, 720 месечни ЕКМТ дозволи за возила со Eуро 5 стандард, 60040 поединечни дозволи, како и 5000 дозволи преку Б – СЕК.

    На традиционалната средба на превозниците се одржа и мини саем на кој ќе се претставија членки и соработници на Макам-транс со услуги и производи за вршење на дејноста.

    Популарно

    Трагедија на автопатот Белград-Ниш: Загинаа маж и жена, македонски државјани

    21.12.2025 во 10:54

    Падна семеен бизнис кај гевгелиско: Таткото одгледувал, синот продавал

    21.12.2025 во 10:47

    Маглата не попушта: Откажани 20 летови до пладне, намалена видливост се очекува и утре

    21.12.2025 во 13:28

    Манасиевски: Наместо одговорност за сликите со дрога, Филипче го награди Јон Фрчковски со функција

    21.12.2025 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.