Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Познаници барале интимни фотографии од секое десетто дете во Македонија

    Познаници барале интимни фотографии од секое десетто дете во Македонија

    26.08.2026 во 18:02Updated:26.08.2026 во 18:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Загрижувачки податоци за безбедноста на децата на интернет открива новото истражување „Disrupting Harm“. Во период од само една година, едно од десет деца на возраст од 12 до 17 години кои користат интернет во Македонија било изложено на сексуална експлоатација или злоупотреба со помош на технологијата. Проценката е дека станува збор за околу 12.000 деца.

    Речиси половина од жртвите – 48 проценти – биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба, а податоците покажуваат дека подеднакво се засегнати момчињата и девојчињата.

    Особено загрижувачки е што опасноста најчесто не доаѓа од непознати лица. Во 78 проценти од случаите сторителот бил некој што детето го познавало, додека само во пет проценти станувало збор за целосно непознато лице. Во 57 проценти од случаите сторителите биле возрасни, а во 22 проценти врсници. Во 39 проценти бил вклучен сегашен или поранешен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, а во 27 проценти член на семејството.

    Социјалните мрежи најчест простор за злоупотреба

    Повеќе од половина од случаите, 52 проценти, биле поврзани со социјалните мрежи, а 30 проценти со платформи за онлајн игри.

    Најчесто споменувана платформа е Инстаграм со 76 проценти, по што следуваат Снепчет со 55, ТикТок со 51, Ватсап со 40 и Фејсбук со 34 проценти. Меѓу формите на злоупотреба се изложување на сексуална содржина без согласност и барање од децата да испраќаат фотографии или видеа од интимен карактер.

    Само еден процент пријавиле во полиција

    Иако 88 проценти од децата некому кажале што им се случило, исклучително мал број случаи стигнале до институциите.

    Само еден процент пријавиле во полиција, еден процент во центар за социјална работа, а едвај 0,2 проценти се обратиле на линија за помош. УНИЦЕФ оценува дека огромниот јаз меѓу бројот на случаи и официјалното пријавување покажува дека голем дел од злоупотребата останува невидлива за системот.

    Тешки последици врз децата

    Истражувањето покажува и сериозни последици врз менталното здравје. Децата кои биле изложени на ваков вид сексуална експлоатација и злоупотреба имале 11 пати поголема веројатност за самоповредување и 12 пати поголема веројатност за самоубиствени мисли или однесување во споредба со децата кои не биле жртви.

    Кај жртвите се забележувале и срам, чувство на губење контрола, нарушувања на спиењето, стрес и анксиозност, како и страв дека интимниот материјал може трајно да остане достапен на интернет.

    УНИЦЕФ бара посилен систем на заштита

    Од УНИЦЕФ предупредуваат дека станува збор за „скриена криза“ во заштитата на децата и дека одговорноста за спречување на злоупотребата не може да се префрли врз самите деца.

    Извештајот бара модернизирање на законодавството, подобар пристап до правда и услуги за поддршка, поефикасни механизми за пријавување, поголеми инвестиции во превенција и поголема одговорност од социјалните мрежи и останатите дигитални платформи. Посочени се и законски празнини кои особено ги оставаат ранливи децата на возраст од 14 до 17 години.

    Истражувањето „Disrupting Harm“ е спроведено од УНИЦЕФ Innocenti, ECPAT International и INTERPOL, со финансиска поддршка од Safe Online и во соработка со институциите во Македонија.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.