Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Ковачевски може да каже што сака – ние сме демократска партија
    • Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од лажен директор на финансиско друштво
    • Филипче: Изградбата на дата-центри може да ги остави земјоделците без вода и да ја поскапи струјата
    • Филипче: ВМРО и ДУИ се договорија за предвремени избори
    • Гори на пет локации во Македонија – ЦУК со пресек на пожарите до 13 часот
    • Екс премиерот Ковачевски контра Филипче
    • Нафтата паѓа неколку дена по ред – се намалува и цената на златото
    • Судење за „Онкологија“: Одбраната тврди дека вештакот на Обвинителството немал целосна медицинска документација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Ковачевски може да каже што сака – ние сме демократска партија

    Филипче: Ковачевски може да каже што сака – ние сме демократска партија

    26.08.2026 во 14:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не гледа раскол во партијата по различните ставови со поранешниот премиер Димитар Ковачевски околу изградбата на дата-центри.

    Откако Ковачевски саркастично ја коментираше одлуката на Советот на Пехчево да не даде зелено светло за иницијативата за дата-центар, иако Филипче претходно повика на пошироко обединување против вакви проекти, лидерот на СДСМ вели дека различното мислење не значи поделба.

    „Раскол на тоа ниво и со Димитар Ковачевски никогаш немало по ниедна тема“, рече Филипче.

    Според него, фактот што во јавноста можат да се слушнат различни ставови од функционери на СДСМ е доказ дека партијата функционира демократски.

    „Не е раскол, туку доказ дека ние сме вистинска демократска партија и сечие мислење се цени и може да се каже во јавноста“, изјави Филипче.

    Тој сепак останува на ставот дека прашањата што СДСМ ги отвора околу дата-центрите се легитимни, особено во делот на потрошувачката на вода и електрична енергија и можните последици за локалните средини.

    Разликата во тонот стана видлива откако Филипче повика на „национална мобилизација“ против изградбата на дата-центри, додека Ковачевски со сарказам оцени дека „имала среќа Америка што го нема Пехчево“, алудирајќи на Силиконската долина и на одбивањето на инвестицијата во општината.

    Со денешната изјава Филипче се обидува различните позиции да ги претстави како внатрепартиски плурализам, а не како судир со поранешниот премиер.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Изградбата на дата-центри може да ги остави земјоделците без вода и да ја поскапи струјата

    26.08.2026 во 14:04

    Филипче: ВМРО и ДУИ се договорија за предвремени избори

    26.08.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.