Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на министерска тркалезна маса во Њујорк: Човековите права мора да бидат во срцето на реформите на ОН

    Муцунски на министерска тркалезна маса во Њујорк: Човековите права мора да бидат во срцето на реформите на ОН

    22.09.2025 во 22:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше на министерска тркалезна маса во Њујорк, посветена на темата: „Промоција и заштита на човековите права преку реформата на ОН 80“. Настанот беше организиран по покана на министрите за надворешни работи на Холандија и Чиле.

    Во своето обраќање, Муцунски потенцираше дека годината во која се одбележуваат 80 години од основањето на Обединетите нации е историска можност не само за славење на досегашните достигнувања, туку и за соочување со новите глобални предизвици што директно ги засегаат човековите права.

    „Иако организацијата има значаен придонес, светот и понатаму се соочува со сериозни закани како што се вооружени конфликти, климатски промени, технолошка трансформација, дезинформации, растечка нееднаквост и миграции“, истакна Муцунски.

    Тој додаде дека Северна Македонија, како членка на Советот за човекови права за периодот 2025–2027, останува силно посветена на поддршка на иницијативите што имаат цел да го унапредат делувањето на Обединетите нации преку независност, одговорност, ефикасност и ефективност.

    Муцунски ја нагласи важноста од вистински дијалог меѓу земјите-членки и соработка заснована на почитување на човековото достоинство и основните права како централен елемент на сите идни реформи на ОН.

    Прочитај повеќе

    ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати

    17.08.2026 во 19:02

    Напишани 63 казни за пијани возачи

    17.08.2026 во 18:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.