Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Апелација ја потврди пресудата за „Талир“: Никола Груевски ослободен од обвинението, одбиена жалбата на Обвинителството

    Апелација ја потврди пресудата за „Талир“: Никола Груевски ослободен од обвинението, одбиена жалбата на Обвинителството

    26.08.2026 во 13:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која ја одби жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за предметот „Талир“ и целосно ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски.

    Одлуката е донесена по одржана нејавна седница на 26.08.2026 година, по разгледување на сите списи во предметот и земајќи го предвид предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје.

    При одлучувањето, Апелација оцени дека преземените дејствија од страна на Груевски биле во рамките на неговите овластувања и дека не се изведени докази оти постапувал спротивно на Законот за финансирање на политичките партии.

    Судот утврди дека обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека градежната компанија ГП „Бетон“ во моментот на склучување на договорите имала својство на субјект кој вршел јавни услуги.

    Поради тоа, не постоела законска забрана за донирање средства на политичката партија, ниту пак постоела обврска за Груевски, како одговорно лице, тие средства да ги врати.

    Од Апелациониот суд Скопје дополнуваат дека јавноста ќе биде известена кога пресудата во целост ќе биде објавена на нивната веб-страница.

    Прочитај повеќе

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54

    Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата

    06.10.2026 во 14:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.