Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Трето вонредно прскање против комарци во Гази Баба

    ФОТО: Трето вонредно прскање против комарци во Гази Баба

    26.08.2026 во 09:342 Mins Read
    Бобан Стефковски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во 3 часот наутро заврши третото вонредно прскање против комарци на територија на Гази Баба.

    -Утрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба.

    Во текот на ноќта екипите поминаа низ Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и Железара.

    Акцијата беше реализирана во координација помеѓу Центарот за јавно здравје, Град Скопје и Општина Гази Баба, со една заедничка цел – навремено и ефикасно превентивно делување за заштита на здравјето на граѓаните.

    Голема благодарност до сите екипи кои и оваа ноќ беа на терен и посветено работеа до раните утрински часови.

    Институциите функционираат, институциите се координирани и институциите постапуваат! Продолжуваме со постојана комуникација, следење на состојбата и преземање на сите потребни активности.

    Ова не е еднократна акција. Со засилените превентивни активности продолжуваме и во следните денови, согласно состојбата на терен и препораките на надлежните институции.

    Заштитата на животот и здравјето на граѓаните останува наш највисок приоритет!

    Теренските активности за вечерва се завршени.

    Опфатени се населените места низ Гази Баба.

    Координацијата меѓу институциите продолжува.

    Превентивните активности продолжуваат и следните денови.

    Работиме континуирано и одговорно – за здравјето и безбедноста на граѓаните на Гази Баба!, напиша градоначалникот Стефковски.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.