Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Трето вонредно прскање против комарци во Гази Баба
    • Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари
    • СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ
    • Ќе нема вода поради уличен дефект – Водовод информира на кои места во Скопје
    • Опасностите од интернет за децата во фокусот на „Disrupting Harm“
    • УХМР издаде метео аларм – Силно невреме доаѓа кон Македонија
    • УЈП со апел до граѓаните: Не наседнувајте на оваа измама
    • По повеќе од 13 часа борба – Големиот пожар кај Чичево целосно изгаснат, спасени куќите и насадите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари

    Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари

    26.08.2026 во 09:29Updated:26.08.2026 во 09:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од Левица реагираат на изјавите на министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со висината на субвенционираниот студентски оброк. Од партијата тврдат дека износот од 140 денари останал непроменет од 2023 година и ја обвинуваат министерката дека не планира негово зголемување, иако, како што велат, постои законска обврска за усогласување.

    Од Левица посочуваат дека по доаѓањето на новата владејачка гарнитура во 2024 година, студентскиот оброк продолжил да изнесува 140 денари. Според нив, истиот износ бил предвиден и во јавните повици на Министерството за образование и наука во август 2024 година, април 2025 година, како и за академската 2025/2026 година.

    Партијата ја повикува министерката да објасни каков пристоен и нутритивно вреден оброк студентите можат да обезбедат со 140 денари, имајќи ги предвид зголемените цени на храната.

    Од Левица оценуваат дека студентскиот оброк не треба да се третира како владина помош, туку како законски утврдено право на студентите. Притоа, ја обвинуваат Владата дека не го усогласила износот на субвенцијата и тврдат дека студентите по тој основ биле оштетени за околу 6,5 милиони евра.

    Од партијата бараат Министерството за образование и наука да ја почитува законската обврска и да обезбеди соодветно усогласување на студентскиот оброк.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Трето вонредно прскање против комарци во Гази Баба

    26.08.2026 во 09:34

    СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ

    26.08.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.