Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Богата програма во Скопје: Почнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“

    Богата програма во Скопје: Почнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“

    26.08.2026 во 08:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со свечено отворање кај Порта Македонија, денеска во Скопје започнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“, која ќе трае до 5 септември. Настанот е посветен на одбележувањето на 10 години од канонизацијата на Мајка Тереза, родена во Скопје.

    Манифестацијата ја организираат Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов и Заедницата на Хрватите во Република Македонија – Огранок Скопје. Програмата опфаќа духовни, културни и хуманитарни настани посветени на животот и делото на светицата.

    Свеченото отворање е закажано за денеска во 19:30 часот кај Порта Македонија. Монсињор Киро Стојанов ќе се обрати со тема „Скопјанката од Калкута која го промени светот“, додека м-р Љерка Тот Наумова ќе говори за животот и хуманитарната мисија на Мајка Тереза.

    Програмата продолжува на 31 август во капелата на Спомен-куќата на Мајка Тереза, каде ќе има музички настап, читање избрани цитати од Мајка Тереза на македонски и англиски јазик и молитвен дел со Мисионерките на Љубовта од Скопје. Вечерта ќе заврши со благослов од епископот Стојанов.

    На 1 септември во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе се одржи поетска вечер со песни посветени на Мајка Тереза. Во рамки на настанот ќе биде поставена и продажна изложба на дела од македонски академски сликари, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за сиромашни лица, штитеници на Македонски Каритас.

    На 3 септември во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ ќе настапи Мандолинскиот оркестар „Скопје“, во чест на Мајка Тереза, под диригентство на Ерхан Шукри.

    На 4 септември, монсињор Стојанов и делегација ќе посетат ранливи семејства и ќе им доделат пакети со храна и хигиенски производи. Истиот ден во катедралата ќе биде одржана света Литургија, по што дон Давор Топиќ ќе ги сподели своите сведоштва од канонизацијата на Мајка Тереза во 2016 година.

    Манифестацијата ќе заврши на 5 септември со понтификална света Литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“. Литургијата ќе ја предводи монсињор д-р Петар Палиќ, Мостарско-дувањски бискуп и Требињско-мркански апостолски администратор, во заедништво со монсињор Киро Стојанов и други бискупи гости.

    Во пресрет на манифестацијата, во Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе бидат отворени и три тематски изложби: „Мирот започнува со насмевка“, „Наследството на Мајка Тереза“ и „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“. Поставките преку фотографии, сведоштва и пораки го прикажуваат нејзиниот живот, дело и влијание.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.