Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поевтинува училишниот прибор
    • Серафимовски: Маката на земјоделецот треба соодветно да се вреднува и да се наплати
    • Возрасна скопјанка пријавила закани од поранешната девојка на нејзиниот син
    • Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември
    • Вознемирена скопјанка се јавила во полиција: Золвата ме нападна, фрли и тврд предмет кон мене
    • Драма во Радишани: Тригодишно девојче тешко повредено во лифт од станбена зграда
    • За прв пат да се сложам со Претседателот на СДСМ
    • За 10 години имаме 9.000 првачиња помалку – годинава 3.000 помалку од лани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче повика на мобилизација против изградбата на дата-центри за кои тврди дека ги загрозуваат струјата и водата

    Филипче повика на мобилизација против изградбата на дата-центри за кои тврди дека ги загрозуваат струјата и водата

    25.08.2026 во 13:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку видео-обраќање упати повик за национална мобилизација и граѓански отпор, обвинувајќи ја Владата предводена од Христијан Мицкоски дека планира да ги стави ресурсите за вода и електрична енергија во функција на бизнис-интереси преку изградба на дата-центри.

    Тој посочи дека денеска во Пехчево имало обид за покренување иницијатива за изградба на ваков објект, која била повлечена по реакција на опозицијата.

    „Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски. Ненародната влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните, во над 50 населени места, увезува скапа струја ама по секоја цена сака да ја жртвува и водата и струјата за профити. Во Пехчево на мала врата денеска се обидоа да протнат изградба на дата центар. Работат ‘под радарот’, како што кажаа и јавно. Под притисок на СДСМ, на советниците на СДСМ и на јавноста точката се повлече од дневен ред. Но тоа не значи дека власта се откажала од идејата“, истакна Филипче.

    Лидерот на опозицијата тврди дека ваквите проекти ќе резултираат со директни последици по животниот стандард и снабдувањето на граѓаните.

    „Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити. Да се богатат блиските до Мицкоски и ВМРО – ОКГ на штета на граѓаните. На крајот кој ќе ја плати таа струја? Граѓаните преку повисоки сметки. Кој ќе нема вода? Граѓаните. Каде ќе оди затоплената вода? Никој не кажува“, додаде тој.

    Филипче упати апел до сите советници во општинските совети и до граѓаните за заедничка акција за да се спречи реализацијата на овие планови.

    „СДСМ е прва која јасно се спротивстави на ставањето на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта. Грабежот мора да се прекине додека не е доцна, да се спаси водата и струјата. Ги повикуваме сите советници во Советите ширум државата да се обединат и да спречиме водата и струјата да падне во раце на профитери на грбот на народот. Мораме да го запреме ова зло што ни се подготвува. Можеме само сите заедно. Да покажеме дека во вакви моменти можеме да бидеме сложни. Кога веќе ги немаме механизмите на власта, можеме да имаме граѓански отпор – отпор кон оваа криминална власт. Ако денес не го направиме тоа, утре ќе биде доцна. Ги повикувам и сите граѓани. Мораме да ги запреме дата-центарите“, порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    За прв пат да се сложам со Претседателот на СДСМ

    25.08.2026 во 15:03

    Опозицијата некако срамежлива за избори

    25.08.2026 во 14:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.