Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми

    23.08.2026 во 12:05

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, еден е ставен под контрола
    • Полицијата приведе четири лица во Скопје: Пронајдени марихуана и кафеава материја
    • ЦУК со апел до граѓаните: Внимавајте, пожарите оставаат последици врз сите живи суштества
    • Тешка сообраќајна несреќа во липковско: Се судрија трактор и „голф“, четири лица се повредени
    • Приведен кавадарчанец: Се обидел со сила да влезе во дом на сограѓанин
    • Лажела дека е бремена за да зема пари: Гостиварка измамила партнер од Косово за 18.000 евра
    • Трчајте на бензинска: Од полноќ нафтата надминува 100 денари
    • Николовска: Инвестираме денес за подобро здравство утре со нови болници и нов Клинички во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, еден е ставен под контрола

    ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, еден е ставен под контрола

    24.08.2026 во 14:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13:00 часот на територијата на државата, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Според најновиот преглед на состојбата, 5 пожари се сè уште активни, 1 е ставен под контрола, додека 8 се целосно изгаснати.

    Во моментов активни се следните пожари:

    • Општините Студеничани и Зелениково: Пожарот кој опфаќа мешана шума се протега кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани, со крак кој се движи кон селата Палиград и Вражале во општина Зелениково.
    • Општина Македонски Брод: Зафатена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки кај селото Драгов Дол (место викано Видуш) и кај селото Локвица.
    • Општина Илинден: Регистрирани се два пожари на ниска вегетација – едниот кај Логистичкиот центар на КАМ, а вториот кај селото Бујковци.
    • Општина Сарај: Активен е пожар во шума кај селото Бојане.

    Под контрола е ставен пожарот во општина Кичево, кој гори во високостеблеста букова шума кај местото викано Дарда во селото Тајмиште.

    Противпожарните екипи успеаја целосно да изгаснат 8 пожари, и тоа во Струмица (ул. Ристо Ќурчиев), Василево (с. Пиперево), Делчево (с. Бигла), Куманово (ул. Ѓорче Петров), Јегуновце (с. Туденце), Гостивар (с. Горна Ѓоновица и с. Чајле) и Врапчиште (с. Ломница и с. Ѓерѓевиште).

    Прочитај повеќе

    Полицијата приведе четири лица во Скопје: Пронајдени марихуана и кафеава материја

    24.08.2026 во 13:59

    ЦУК со апел до граѓаните: Внимавајте, пожарите оставаат последици врз сите живи суштества

    24.08.2026 во 13:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.