Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе престојува во работна посета на Струга, каде што ќе изврши увид во повеќе инфраструктурни проекти.
Николоски, заедно со градоначалникот на Струга Менди Ќура, ќе ја посети локацијата на која се реализираат инфраструктурни активности во општината.
Од Министерството за транспорт најавуваат дека по посетата Николоски и Ќура ќе дадат изјави за медиумите.

