Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари
    • Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови
    • Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
    • Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети
    • Капетановиќ на Самитот на Берлинскиот процес: Време е регионалните ветувања да се претворат во напредок
    • Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана евроинтеграција
    • Неполн месец по вселувањето – вода протекува низ ѕидовите во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
    • ПИОМ: Податоците на граѓаните се сигурни, голем дел од утврдените пропусти веќе се надминати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Донесен нов Правилник за потеклото на средствата и репутацијата на приредувачите на игри на среќа

    Димитриеска-Кочоска: Донесен нов Правилник за потеклото на средствата и репутацијата на приредувачите на игри на среќа

    22.08.2026 во 12:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, продолжуваме со неговата имплементација и дорегулација преку донесување на еден од потребните правилници – Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип“, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на ФБ.

    Таа појаснува дека потребата документација меѓу другото се однесува на изречени санкции за забрана за вршење професија, изречена казна за забрана за приредување на игри на среќа и слични околности кои се значајни за нивното учество во приредувањето на игрите на среќа.

    Ова е важен чекор, Правилникот ги претвора законските принципи во конкретни правила, процедури и критериуми што ќе можат да се применуваат во пракса“,наведува министерката.

    Таа додава дека Министерството за финансии работи и на подготовка и донесување на останатите правилници потребни за целосна имплементација на Законот.

    „ Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија, вклучително и индустријата на игри на среќа.  За нас, донесувањето на Законот и на позаконските акти не е крајот на процесот. Вистинскиот резултат доаѓа со неговата доследна имплементација. Затоа, секој донесен правилник и секој следен чекор во спроведувањето значи дека законските решенија стануваат реалност, а нивната примена носи поголема заштита за граѓаните и поефикасен систем“, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Министерката потсетува дека новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен на крајот на јуни оваа година, од причина што оваа област значително се промени во изминатите години. Со новиот Закон се воведоа повеќе новини чија заедничка цел е поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и поодговорно работење во оваа индустрија.

    Како што посочува во објавата потребна беше современа регулатива која ќе одговори на новите предизвици и ќе овозможи поголема заштита на граѓаните и поефикасен надзор.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37

    Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

    22.10.2026 во 18:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.