Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено, активни се во шест општини
    • Филипче: По следните избори доаѓа правда
    • Филипче: Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години
    • „Ме нарекуваа убиец, а обвинителството ја кажа вистината“: Филипче бара извинување од Мицкоски за модуларните болници
    • Прекината епидемијата во Гостивар: Нема нови случаи на стомачни тегоби од водата
    • Гостивар: 33-годишник скршил стакло од врата во својот дом па завршил во болница
    • Поевтини ранци, тетратки и прибор: Во вторник ќе се дефинира училишната кошничка
    • Издржете уште еден ден – доаѓа разладување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено, активни се во шест општини

    ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено, активни се во шест општини

    21.08.2026 во 14:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно десет пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), шест од нив се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати.

    Активни жаришта има во неколку региони во земјава, каде што се зафатени ниска вегетација, грмушки и шуми.

    Во општина Прилеп се интервенира во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и кон Црна Река.

    Пожар зафати мешана шума во општина Студеничани, на потегот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер.

    Во општина Македонски Брод огнот гори во месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, каде што се зафатени нискостеблеста шума и грмушки.

    Во општина Кичево е зафатена високостеблеста букова шума во атарот на село Тајмиште, на месноста Дарда, додека во општина Липково гори ниска вегетација и шума кај село Никуштак.

    Во општина Крушево повторно се активираше пожарот во реонот на село Белушино, додека во село Јакреново состојбата е ставена под контрола.

    Под контрола е и пожарот на депонијата во Делчево. Изгаснати се пламените јазици кај село Форино (Гостивар), село Церово (Желино) и село Мусинци (Могила).

    Прочитај повеќе

    Филипче: По следните избори доаѓа правда

    21.08.2026 во 13:52

    Филипче: Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години

    21.08.2026 во 13:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.