Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: По следните избори доаѓа правда
    • Филипче: Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години
    • „Ме нарекуваа убиец, а обвинителството ја кажа вистината“: Филипче бара извинување од Мицкоски за модуларните болници
    • Прекината епидемијата во Гостивар: Нема нови случаи на стомачни тегоби од водата
    • Гостивар: 33-годишник скршил стакло од врата во својот дом па завршил во болница
    • Поевтини ранци, тетратки и прибор: Во вторник ќе се дефинира училишната кошничка
    • Издржете уште еден ден – доаѓа разладување
    • УХМР издаде метеоаларм: Утре цела држава под Портокалова фаза за високи температури
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: По следните избори доаѓа правда

    Филипче: По следните избори доаѓа правда

    21.08.2026 во 13:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По следните избори доаѓа правдата во Македонија, а Христијан Мицкоски и неговата криминална група ќе одговараат за сè што прават изминатите две години, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

    „После следните избори доаѓа правдата во Македонија, и Христијан Мицкоски и криминалната група за сè што прават овие изминати две години ќе одговараат. Никола Груевски избега, Христијан нема да избега“, рече Филипче.

    Тој посочи дека вчерашната одлука на Обвинителството за затворање на предметот за набавката на модуларните болници покажува како пет години Мицкоски и ВМРО воделе кампања со тешки обвинувања и лажни вести.

    „Јасно кажа обвинителството, нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое работење секаде, дали на клиника во интерес на пациентите некорумпирано, така и во рамките на другите функции кои што сум ги имал, сè во интерес на граѓаните без никаква штета по никого“, рече Филипче.

    Наместо факти, рече Филипче, на Мицкоски и на ВМРО им бил потребен виновник врз кој пет години ќе градат политичка кампања.

    „Меѓутоа на Христијан Мицкоски и на неговата организирана криминална група, на главниот ПР советник Латас, им требаше убиец“, рече Филипче.

    Тој посочи дека пет години бил цел на најтешки квалификации, кои продолжиле дури и по одлуката на Обвинителството.

    „Пет години зборат за мене дека сум убиец, ме споредуваат со убиец, ме споредуваат со доктор Менгеле, замислете, јас што спасувам животи, за кој што здравјето на граѓаните ми е на прво место, не престанаа. Не престанаа ни вчера, после одлуката на обвинителството, излегоа некои млади членови на криминалната група, го продолжија тоа, денес премиерот исто така на прес-конференција“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ нагласи дека по пожарот во Тетово поднел оставка како морален и човечки чин, за разлика од однесувањето на Мицкоски денес.

    „Јас после пожарот во Тетово поднесов оставка, како морален човечки чин“, рече Филипче.

    Тој порача дека Мицкоски продолжува да си игра со чувствата на луѓето и со трагедиите за п
    политички цели, додека самиот нема да прави споредби со други трагични случаи.

    „Нема поради тоа што сум човек, имам емпатија и сочувствувам, а може да споредувам со други случаи, а тоа доволно говори само за тоа каков човек е Христијан без сочувство, без срам, без жал“, рече Филипче.

    Филипче побара Мицкоски и ВМРО да им се извинат на семејствата на загинатите, но и на сите граѓани за петгодишното ширење лажни вести.

    „Затоа сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал Да се извини и на граѓаните, затоа што пет години шират лажни вести. Затоа што го загадуваат јавниот простор со несоодветен наратив. Мене не мора да ми се извинат, јас тоа од нив не го барам. Многу добро знам со какви луѓе си имам работа“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години

    21.08.2026 во 13:32

    „Ме нарекуваа убиец, а обвинителството ја кажа вистината“: Филипче бара извинување од Мицкоски за модуларните болници

    21.08.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.