Close Menu
Press24
    Најново

    Го отрула семејството на ручек – Судот и ја изрече најстрогата казна

    30.10.2026 во 17:50

    Организирале протести преку Телеграм, повикувале на грабежи и вандализам – апсења во Шпанија

    30.10.2026 во 17:44

    Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото

    30.10.2026 во 17:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Го отрула семејството на ручек – Судот и ја изрече најстрогата казна
    • Организирале протести преку Телеграм, повикувале на грабежи и вандализам – апсења во Шпанија
    • Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото
    • Пијан предизвикал сообраќајка, малолетник седнал зад волан без дозвола – четворица возачи уапсени
    • Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани
    • Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени
    • Јегуновце: Го нападнал сопствениот син по кратка расправија, полицијата го приведе
    • Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лоши вести за возачите, поскапува нафтата

    Лоши вести за возачите, поскапува нафтата

    22.09.2025 во 15:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и остануваат 75,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 95, 77,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и 69 денари на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

    Со одлуката на РКЕ за 0,207 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,947 денари.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,368 отсто, додека кај другите деривати има зголемување и тоа кај дизелот за 2,18 отсто, кај екстра лесното масло за 1,481 и кај мазутот за 1,689 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6675 отсто

    Прочитај повеќе

    Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни

    30.10.2026 во 15:24

    Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк

    30.10.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.