Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид

    ФОТО: Средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид

    19.08.2026 во 11:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 115 ученици од средните училишта во Скопје утрово заминаа за Охрид, каде што ќе учествуваат во бесплатен наставно-научен едукативен камп.

    Проектот има за цел да им овозможи на младите летниот период да го исполнат со учење, истражување и развивање на личните потенцијали.

    За време на престојот во Охрид, учениците ќе бидат дел од научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, како и спортски, креативни и културни активности.

    Посебен фокус за време на обуките ќе биде ставен на развојот на критичкото размислување, лидерските, комуникациските и презентациските вештини кај младите.

    Орце Ѓоргиевски во својата објава ја истакна важноста од ваквите инвестиции во младата популација.

    „Нашата задача не е само да им кажуваме на младите дека тие се иднината, туку да инвестираме во нив, да им отвораме врати, да им даваме можности и да создадеме услови во кои ќе можат да станат најдобрата верзија од себе. Затоа што секое ново знаење, секоја стекната вештина и секој охрабрен млад човек е инвестиција која му се враќа на целото општество“, истакна тој.

    Покрај образовните и истражувачките активности, програмата предвидува учениците да се запознаат и со културно-историското богатство на Охрид.

    Според најавите, ова е првата група ученици, додека втората смена од уште 115 средношколци ќе престојува во Охрид во периодот од 25 до 31 август.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста

    20.10.2026 во 22:00

    Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

    20.10.2026 во 19:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.