Македонскиот пејач Јоце Панов преку емотивна објава на социјалните мрежи упати последно поздравување до Елвис Мекиќ, кој ненадејно почина на 46-годишна возраст.
Панов, кој со години соработaувал и се дружел со Мекиќ, изрази длабока тага за прераната загуба на својот колега и пријател.
„Elvis Mekic Зошто бе Еки, зошто бе братче, зошто замина толку рано, толку млад и полн со живот, зошто бе брат?????
Со кого ќе се смеам и кој ќе ми пее терци сега?
Поминавме неколку години секојдневна дружба, навистина овој свет нема правда
Почивај во мир пријателе мој
Јас ќе те паметам насмеан, и ќе ги пеам за тебе песните што најмногу ги сакаше и секогаш ги пеевме заедно. Збогум ЕКИ“, напиша Панов на својот Фејсбук профил.
Елвис Мекиќ, кој е брат на познатиот пејач и автор Елвир Мекиќ, ненадејно почина завчера, што предизвика бројни реакции и изрази на сочувство од естрадата.

