Осумгодишно девојче од областа на Грац, Австрија, почина откако било избодено со нож, а за нападот е осомничен нејзиниот 37-годишен татко.
Случајот се случил во понеделник вечерта во семејната куќа во Кумберг, каде во времето на инцидентот била присутна и мајката на детето.
Според информациите од истрагата, девојчето задобило тешки убодни рани и посекотини, по што итно било префрлено во болницата во Грац, каде што набрзо им подлегнало на повредите.
Полицијата била информирана за настанот од страна на спасувачката служба, откако претходно била повикана брза помош. Како што потврди главниот инспектор на полицијата на Штаерска, Фриц Грунди, полициските патроли веднаш заминале на терен.
При влезот во објектот, полициските службеници го пронашле 37-годишниот маж во бањата со сериозни посекотини на рацете. Тој бил во свесна состојба, а по укажаната медицинска помош бил лишен од слобода.
Истражителите од Одделот за криминалистичка полиција во моментов ги утврдуваат сите околности, редоследот на настаните и точната улога на мајката.
Засега мотивот за нападот останува непознат, а властите најавија дополнителни детали по завршувањето на клучните истражни дејствија и анализи на доказите.

