Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот

    Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот

    18.08.2026 во 12:002 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожарот кој премина од територијата на Велес кон Зелениково е активен во овој момент, но со интервенција на велешките пожарникари е значително намален и заштитени се две загрозени села, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во пладневниот преглед за состојбата со пожарите.

    Тој посочи дека пожарот во Македонски Брод е значајно намален, додека огнот во општина Студеничани кај селото Рамни Габер е оддалечен и не загрозува населени места.

    Според Ангелов, карактеристично за сите актуелни пожари е што никаде не гори квалитетна борова или друг тип шума.

    Во овој момент нема загрозени села. Депонијата во Кратово е целосно затрупана и не претставува опасност за загадување на воздухот. Во текот на вчерашниот ден имавме 29 пожари на отворен простор. Благодарение на брзата реакција, а понекогаш и повеќечасовната борба на пожарникарите со пожарите 23 од нив беа изгаснати во текот на вчерашниот ден и во ноќните часови, додека шест се активни ова утро, рече Ангелов.

    Директорот на ДЗС се осврна и на синоќешната ситуација во селото Чаниште, оддалечено 30 километри од Прилеп.

    Огнот навлезе меѓу селските куќи, но според информации кои ги добив додека бев во селото не е изгорена ниту една куќа во која живеат останатите жители во селото. Сите жители на селото ноќта ја поминаа во своите домови. Изгорени се неколку стари и напуштени куќи, можеби некои од нив се користеле за престој на нивните сопственици, рече Ангелов, додавајќи дека се очекува овој пожар денеска да биде ставен под целосна контрола.

    Тој ја издвои и интервенцијата во општина Јегуновце, каде што пламенот го загрозил атарот на селото Туденце и блискиот манастир.

    Втората ситуација ја имавме синоќа на пожарот на територијата на општина Јегуновце кој навлезе во атарот на селото Туденце и го загрози блискиот манастир. Упатив неколку тимови на Дирекцијата за заштита и спасување и тоа од доброволци од Гостивар, од доброволното друштво „Чаир“ од Скопје и едно друштво од Тетово, истакна Ангелов.

    На крајот од своето обраќање, тој упати апел до граѓаните за максимална претпазливост, предупредувајќи дека е доволна само една искра за да се предизвика катастрофа.

    Прочитај повеќе

    Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави

    21.10.2026 во 22:30

    Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

    21.10.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.