Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почна уписот на УКИМ – Колку слободни места има на факултетите?
    • Исклучување во 8:30 – Неколку скопски улици без вода
    • Пожарите не стивнуваат: ЦУК со пресек за состојбата утрово во Македонија
    • 18 Август-Ден на Армијата: Централна свеченост во Охрид, почесна артилериска стрелба во Скопје
    • Армијата го слави 34. роденден – Доверлив НАТО сојузник и важен фактор во регионалната безбедност
    • Топлотниот бран допрва зема замав – УХМР најавува пекол, но и невреме
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почна уписот на УКИМ – Колку слободни места има на факултетите?

    Почна уписот на УКИМ – Колку слободни места има на факултетите?

    18.08.2026 во 08:152 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска и утре се одржува првиот рок за пријавување на кандидатите кои сакаат да се запишат на прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

    За академската 2026/2027 година, на 23-те факултети на УКИМ се предвидени вкупно 8.851 место за бруцоши. Од нив, 4.395 места се наменети за редовни студенти кои ќе се финансираат од државниот буџет, 3.621 за редовни студенти со кофинансирање, а 835 за вонредни студенти. Новата академска година започнува на 1 октомври.

    Меѓу факултетите со најголем број слободни места се Медицинскиот со 950, Филолошкиот со 805, ФИНКИ со 800, Филозофскиот со 635, Природно-математичкиот со 626, Економскиот со 655, ФЕИТ и Машинскиот со по 600, како и Правниот факултет со 555 места.

    За студентите во државната квота надоместокот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност. Редовните студенти кои кофинансираат и вонредните студенти плаќаат школарина од 400 евра.

    Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, годинава бројот на местата на сите универзитети е намален за околу 2.000, по направената анализа на потребите на пазарот на трудот. Намалувањето најмногу се однесува на области каде што има поголем број невработени, како бизнис-администрација, јавна администрација, економија и право.

    Од друга страна, квотите во техничките науки, информатиката, машинството и градежништвото се задржани речиси на исто ниво, имајќи ја предвид високата стапка на вработливост во овие професии.

    По завршувањето на првиот рок, конечните ранг-листи на УКИМ ќе бидат објавени на 27 август, додека запишувањето на примените кандидати ќе се одржи на 3 и 4 септември.

    Вториот рок за пријавување е закажан за 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември, на факултетите каде што ќе останат слободни места.

    Пред пријавувањето, кандидатите треба да се регистрираат преку системот upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава во iKnow-системот. Пријавувањето потоа се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.

    Условите за упис, потребната документација, критериумите за селекција и начинот на пресметување на бодовите се утврдени во конкурсот на УКИМ. Во него се наведени и екстерните и интерните предмети од државната матура што се соодветни за пријавување на различните студиски програми.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Исклучување во 8:30 – Неколку скопски улици без вода

    18.08.2026 во 08:11

    Пожарите не стивнуваат: ЦУК со пресек за состојбата утрово во Македонија

    18.08.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.