Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МЗШВ: Обезбедени се 500.000 вакцини против сипаници кај овците од Турција, вакцинирањето на сопствен трошок ќе се санкционира

    МЗШВ: Обезбедени се 500.000 вакцини против сипаници кај овците од Турција, вакцинирањето на сопствен трошок ќе се санкционира

    17.08.2026 во 13:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Република Турција обезбеди донација од 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

    Соопштението следи по денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачите на овци пред Владата, каде што сточарите алармираа за состојбата и побараа итна вакцинација и повисоко обесштетување.

    Од МЗШВ информираат дека е побарана и стручна поддршка од тимот EUVET на Европската комисија. Пред примената, вакцините задолжително ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе почне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

    Од Министерството предупредуваат дека самостојното набавување и аплицирање вакцини на сопствен трошок и без одобрение од АХВ ќе биде санкционирано.

    • Во таков случај сопственикот нема да има право на компензација за заболените животни, ниту на обесштетување за животните одземени за сузбивање и искоренување на болеста. Неконтролираната примена на вакцини може да го отежни епидемиолошкото следење, да ја намали ефикасноста на преземените мерки и да создаде дополнителен ризик за стадата. Поради тоа, вакцинирањето може да го вршат единствено овластени ветеринарни служби според официјален план и под непосреден надзор на АХВ, -наведува МЗШВ.

    Експертската група при АХВ редовно се состанува и ја анализира епидемиолошката слика за утврдување на понатамошните чекори.

    • Во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) континуирано ја следиме епидемиолошката состојба. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ, Оливер Миланов, се во постојана и непосредна координација, а надлежните служби секојдневно ги анализираат податоците од засегнатите региони, ефектите од спроведените мерки и потребата од дополнително постапување. Системот за рано откривање и сузбивање на болеста се спроведува преку ветеринарните друштва со кои АХВ има склучено договори за извршување активности од јавен интерес. По секоја пријава за сомнителен случај, официјалните ветеринари земаат крв и брисеви од животните и ги доставуваат на лабораториско испитување. Доколку се потврди присуство на вирусот, директорот на АХВ донесува решение со кое се определуваат контролните и заштитните мерки во засегнатата одгледувачница, вклучително и евтаназија на животните и нивно нештетно отстранување со закопување на одобрена локација – наведува Министерството.
    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.