Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Власта ги крие податоците за водата за пиење, над 50 места немаат анализи

    17.08.2026 во 09:39

    Продолжува судењето за „Пулс“: На ред се наодите од градежното вештачење

    17.08.2026 во 09:33

    Пред нас е нов продолжен викенд — Ова се преостанатите неработни денови за 2026 година

    17.08.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Власта ги крие податоците за водата за пиење, над 50 места немаат анализи
    • Продолжува судењето за „Пулс“: На ред се наодите од градежното вештачење
    • Пред нас е нов продолжен викенд — Ова се преостанатите неработни денови за 2026 година
    • ЦУК: Четири активни пожари во земјава, огнот се шири во повеќе општини
    • Денеска сончево и топло до 38 степени, од утре пресврт
    • Најмалку 12 загинати и 47 повредени во сообраќајната несреќа на полски автобус во Унгарија
    • Велјановски: Нови странски директни инвестиции и зголемување на производствените капацитети на постоечките за нови работни места
    • Приведен маж: Ја нападнал и повредил својата снаа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Власта ги крие податоците за водата за пиење, над 50 места немаат анализи

    СДСМ: Власта ги крие податоците за водата за пиење, над 50 места немаат анализи

    17.08.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен. Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците. Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење – над 5.000 луѓе побараа лекарска помош. Мицкоски од екскурзија „пушти“ вода за пиење во Гостивар, а документ за исправност на водата сè уште нема, се наведува во соопштението на СДСМ.

    „Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август.

    Наместо премиерот и министерот за здравство – полицаец држи здравица и објаснува колку е „вкусна“ водата.

    Во случајот со Гостивар видовме целосна негрижа: иако анализите покажаа дека водата е загадена со фекалии, никој не ги предупреди граѓаните. Тие со денови пиеја отруена вода. Се отру и самата болница.

    Прво еден „полицаец“ (министерот Тошковски) ја хиперхлорираше, потоа друг (Ангелов) ја пушти во употреба со здравица. 

    Од почетокот на кризата – нема ниту едно стручно лице. Ниту еден документ со анализи. Ниту една институција и одговорно лице што стои зад исправноста.

    Обвинителството на чело со Савевски е целосно на екскурзија. Ниту трага, ниту глас. Пет недели – ниту еден одговорен за Гостивар.

    Единствено што слушаме се соопштенијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, преку нивните и Орбановите медиуми, дека „сончаницата му го заматила мозокот“ на проф. д-р Венко Филипче и на целиот СДСМ.

    Откако повеќегодишните лажни вести и измислени афери граѓаните веќе ги препознаа, сега преминуваат на нов вид кампања – отворено исмејување.

    Над 50 места во Македонија немаат објавени анализи на водата.

    Само во последните три дена – уште два случаи со отровни материи во водата во Демир Капија и минералната вода во Кривогаштани.

    Четири реки се загадени – сè уште нема одговорни.

    Ова е власт составена од тендер-патриоти, предводена од човек кој во најголемата здравствена криза во последните две години (труење со вода, епидемија на жолтица и западнонилска треска) одлучи да оди на екскурзија – заедно со половина од својата влада.

    Ароганцијата нема крај. А одговорност сè уште нема“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Велјановски: Нови странски директни инвестиции и зголемување на производствените капацитети на постоечките за нови работни места

    16.08.2026 во 15:19

    СДСМ: Хајка кон директори на училишта кои не се партиски послушници

    16.08.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.