Close Menu
Press24
    Најново

    Полициска акција „ROADPOL“: Казнети над 1.500 возачи за пречекорување на брзината

    14.08.2026 во 16:32

    Нов смртен случај од западнонилска треска: Почина 72-годишен скопјанец на Инфективната клиника

    14.08.2026 во 16:21

    Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе

    14.08.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полициска акција „ROADPOL“: Казнети над 1.500 возачи за пречекорување на брзината
    • Нов смртен случај од западнонилска треска: Почина 72-годишен скопјанец на Инфективната клиника
    • Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе
    • Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
    • Ангелов: Подомаќински во иднина со водата, а истрагата да открие кој е виновен за загадувањето
    • Повеќе забрани или поголеми резултати: Реалноста зад европската статистика за пушењето
    • Реформа во образованието: 2.000 места помалку за бруцоши, се крати кај економијата и правото
    • Трагедија кај Омиш: Пронајдено тело на изгорената површина по големиот пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полициска акција „ROADPOL“: Казнети над 1.500 возачи за пречекорување на брзината

    Полициска акција „ROADPOL“: Казнети над 1.500 возачи за пречекорување на брзината

    14.08.2026 во 16:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина, констатира сообраќајната полиција во рамки на засилените акциски контроли спроведени од 3 до 9 август 2026 година.

    Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), контролите биле реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL.

    Во текот на акцијата, како што наведуваат, полициските службеници континуирано ја следеле и мереле брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина.

    -Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL – велат од МВР.

    Посочуваат дека овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај. 

    Прочитај повеќе

    (ФОТО+ВИДЕО) Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

    14.08.2026 во 15:12

    Тешка сообраќајка во Охрид: Со мопед се удрил во „мерцедес“, малолетник заврши со тешки повреди

    14.08.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.