Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Муцунски самиот се демантира за преговорите „под радарот“

    Жерновски: Муцунски самиот се демантира за преговорите „под радарот“

    14.08.2026 во 13:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ на прес-конференција упати остри критики кон Владата и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, обвинувајќи ги за некозистентност во однос на евроинтегративниот процес.

    Според секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, јавноста е сведок на промена на изјавите кај владините функционери.

    Жерновски реагираше на последните настапи на властите, оценувајќи дека станува збор за обид за прикривање на реалните состојби.

    „Таман помисливме дека со одењето на Мицкоски на екскурзија, не на одмор, ќе се одмориме, едноставно од лагите од страна на Владата, кога еве се појави неговиот заменик, кој што лаже колку него, а веројатно и уште повеќе. Го слушаме Муцунски како ја објавува новата фаза во ВМРО, а новата фаза е откако редовно не демантираат нас, сега почнаа самите себе да се демантираат. Интересно. Да погледнеме какви изјави на Муцунски објавија медиумите пред 10 дена на 3 август: ‘Има разговори под радарот за деблокада на ЕУ интеграциите’, ‘Се водат разговори под радарот за деблокирање на европскиот пат’, ‘Се водат разговори под радарот за деблокирање на Македонија’. Три наслови. Различни медиуми. Ист лик, ист лажго – Тимчо Муцунски. После 10 дена му текна да се демантира самиот себе и да каже дека СДСМ лажат. Не он. И затоа денес кога ја држиме оваа прес-конференција за јавноста да се увери кој всушност ја откри новата стратегија и новиот проект на Влавата на Мицкоски. Значи не се работи за никакво премолчување, не се работи, се разбира што се однесува до Муцунски за некаков демант, едноставно е фатен во лага. Тоа е позната шема која што веќе ја видовме, но интересно е што сега Муцуцки се јавува во оваа улога. Откако ја среди состојбата во општина Аеродром, откако ја среди нашата дипломатија, ја среди состојбата во МНР, сега му дале задача да се занимава со домашната политика. И сега ќе се заканува на опозицијата, на граѓаните, дека шират паника. Ова нас во СДСМ ни е многу добро познато. Ние веќе ги видовме сите урнеци, сите типови на декрети по урнекот на Хитлер против слободата на говорот. И кога ние ја информиравме јавноста за труењето во Гостивар и дека на 50 места едноставно нема податоци дали водата за пиење и дали воопшто може да се користи макар како техничка, сега гледаме дека доцнат и со западно-нилската треска, повторно се закануваат, повторно истата шема. Да се потсетиме дека Мицкоски од собраниската говорница нарачуваше процеси против опозицијата и така натаму. Ги навредуваат и понатаму граѓаните со ‘талог’, ја навредуваат и понатаму опозицијата, продолжуваат со истата реторика која што секако нема да им помине. Сакам да им порачам – немаат аргументи, немаат резултати, немаат одговор на ниту едно прашање. Има само афери и има само лаги. На крај, сакам многу отворено да ги прашам, дали мислат или дали некој во ВМРО смета дека нас во СДСМ ќе не заплашат со вакви закани? Дали сметат дека народот ќе го заплашат? Зарем не гледат дека македонскиот народ не можат да го замолчат. Зарем не гледаат дека народот се буди. Народот ги прочита. Народот веќе не им верува. Сакам да им порачам дека ќе одговарат за сите лаги и за сите афери“, порача Жерновски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.