Close Menu
Press24
    Најново

    Хорор ја потресе Македонија: 3-месечно бебе падна на асвалт, таткото пијан ја оставил мајката на улица, таа ја превртела количката

    14.08.2026 во 14:49

    Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење

    14.08.2026 во 14:25

    ЦУК: Пожари беснеат во Студеничани, Македонски Брод, Велес, Кичево, Јегуновце и Новаци

    14.08.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хорор ја потресе Македонија: 3-месечно бебе падна на асвалт, таткото пијан ја оставил мајката на улица, таа ја превртела количката
    • Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
    • ЦУК: Пожари беснеат во Студеничани, Македонски Брод, Велес, Кичево, Јегуновце и Новаци
    • Невреме зафати делови од Македонија – УХМР со најнови детали
    • ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се служи со медиумски наслови затоа што изјава од Муцунски не постои
    • Жерновски: Муцунски самиот се демантира за преговорите „под радарот“
    • САД со апел до сите кои патуваат во Германија: Бидете претпазливи
    • Општина Илинден доделува по 3.000 денари и бесплатни ранци за секое прваче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија стави два противпожарни авиони на располагање на Европската Унија

    Македонија стави два противпожарни авиони на располагање на Европската Унија

    14.08.2026 во 12:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија стави два противпожарни авиона на располагање на Европската Унија за справување со шумските пожари, со што земјата активно се вклучува во заедничкиот европски систем за цивилна заштита.

    Двата македонски авиона се дел од заедничката воздушна флота која во текот на летната сезона ќе биде ставена во функција според потребите на европските држави. Леталата ќе можат да бидат ангажирани во земји каде што пожарите ќе ги надминат националните капацитети за справување со огнените стихии.

    За летото 2026 година, Европската Унија има подготвено рекорден капацитет за брзи интервенции поради очекувањата за подолги и поинтензивни сезони на шумски пожари.

    Заедничката европска воздушна флота брои 22 авиона и пет хеликоптери, распоредени во 12 земји, додека дополнителна поддршка ќе обезбедуваат 777 пожарникари од 14 европски држави. Особено внимание е насочено кон шест земји кои се проценети како високоризични подрачја – Грција, Италија, Франција, Шпанија, Португалија и Кипар.

    Со учеството во овој механизам, Македонија од примател станува и давател на меѓународна помош. Изминатите години, а особено за време на големите пожари во 2024 година, земјата користи помош од странски држави чии авиони и хеликоптери гаснеа пожари на македонска територија.

    Сега македонските противпожарни капацитети се ставени на располагање на европските партнери во духот на взаемната солидарност. Доколку некоја европска држава побара помош, Европската комисија ја координира операцијата и покрива значителен дел од трошоците.

    Прочитај повеќе

    Хорор ја потресе Македонија: 3-месечно бебе падна на асвалт, таткото пијан ја оставил мајката на улица, таа ја превртела количката

    14.08.2026 во 14:49

    Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење

    14.08.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.