Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ поднесе кривична пријава по нападот во Ново Село

    14.08.2026 во 11:07

    Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во Грција – МНР објави како да побарате помош

    14.08.2026 во 10:47

    ВЛЕН: Груби е „црната кутија”, за Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња

    14.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ поднесе кривична пријава по нападот во Ново Село
    • Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во Грција – МНР објави како да побарате помош
    • ВЛЕН: Груби е „црната кутија”, за Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња
    • Македонец уапсен во Виена: Избодел купувач при зделка за дрога, па побегнал во Македонија
    • Драма на Халкидики: Околу 500 луѓе евакуирани по морски пат од Сивири, огнот зафати домови и возила
    • Херојски потег во Пелагонија: Александар со трактор влегол директно во огнот за да ги спаси селата од пожарот
    • Метео предупредување од УХМР: Силно невреме доаѓа кон Македонија
    • Оштетена турбина го скршила прозорецот на авионот на „Рајанер“: Нови детали за драматичниот инцидент во кој настрада српски државјанин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ поднесе кривична пријава по нападот во Ново Село

    СДСМ поднесе кривична пријава по нападот во Ново Село

    14.08.2026 во 11:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ поднесе кривична пријава по нападот врз млади активисти во Ново Село, обвинувајќи дека девет дена по инцидентот нема распити и истрага.

    Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека институциите молчат и ја обвини власта дека ги штити, како што тврди, сторителите.

    „Поминаа девет дена од нападот на младите активисти во Ново Село, а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР“, рече Димитријевиќ.

    Тој обвини дека по физичкиот напад следувале и, како што ги нарече, „лаги и конструкции“ во јавноста, а дополнително посочи дека на прес-конференција биле објавени доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица.

    „ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица. Документи и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна. А тоа е ново кривично дело“, изјави генералниот секретар на СДСМ.

    Од СДСМ информираат дека поднеле кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал.

    Пријавата, според партијата, е поднесена против полициски службеници во СВР Струмица поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, оддавање службена тајна и злоупотреба на лични податоци.

    Од СДСМ тврдат дека доверливите податоци од казнената евиденција биле извлечени и искористени за партиски цели.

    Кривична пријава е поднесена и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кого СДСМ го сомничи за злоупотреба на лични податоци и поттикнување на кривични дела.

    „Сега Јавното обвинителство е на потег. За прекршување на законите мора да има одговорност“, порача Димитријевиќ.

    Тој додаде дека СДСМ очекува институциите да го расчистат случајот и да утврдат одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека ги прекршиле законите.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во Грција – МНР објави како да побарате помош

    14.08.2026 во 10:47

    ВЛЕН: Груби е „црната кутија”, за Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња

    14.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.