Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе ја посети М-НАВ, каде што ќе изврши увид во новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје.
Од Министерството за транспорт информираат дека по посетата се предвидени изјави за медиумите во 10 часот, пред објектот на М-НАВ, односно Контролата на летање на Меѓународниот аеродром Скопје.

