Close Menu
Press24
    Најново

    Претседателот Трамп со директна наредба до Израел: „Му реков на Нетанјаху да не ги гаѓа нафтените и гасните полиња“

    19.03.2026 во 18:32

    Енергетски земјотрес: Скокна цената на гасот по нападот врз Катар

    19.03.2026 во 18:21

    Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците на Европскиот совет за Украина

    19.03.2026 во 18:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Претседателот Трамп со директна наредба до Израел: „Му реков на Нетанјаху да не ги гаѓа нафтените и гасните полиња“
    • Енергетски земјотрес: Скокна цената на гасот по нападот врз Катар
    • Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците на Европскиот совет за Украина
    • Глобален фронт за спас на светската економија: Шест моќни држави ќе го чуваат Ормушкиот Теснец
    • Ги следеле, тепале и им се заканувале на сопругите: За семејно насилство ќе се гонат шест лица
    • Хегсет удри по Европа: Вие сте неблагодарни сојузници со симболични армии
    • Ценовен шок од утре: Нафтата ќе чини 250 динари
    • Запалил штала со пет тони сено и земјоделски алат – кривопаланчанец заработи кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Османи:  Секој нов дуќан во Чаршијата со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка

    Османи:  Секој нов дуќан во Чаршијата со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка

    21.09.2025 во 11:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, продолжува да ја презентира својата јасна визија: враќање на стариот сјај на Старата скопска Чаршија и претворање во симбол на иднината на градот. Утрово, преку видео објавено на својот официјален профил на Фејсбук, Османи го посети еден занаетчиски дуќан и упати силна порака до граѓаните.

    -Чаршијата не е само пазар, таа е душата на Скопје. Таа е сведоштво на вековна традиција, на занаети што се пренесуваат од генерација на генерација и на духот што нè поврзува сите, рече Османи.

    Во визијата што ја претстави, тој подвлече дека секој нов дуќан со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка. Мајсторите и чираците кои го продолжуваат занаетот ќе бидат стипендирани. Производите што ќе се создаваат таму ќе го носат печатот „Made in Çarshi – направено во Чаршијата на Скопје“.

    -Сакам производот од Чаршијата, кога ќе се појави во Швајцарија или било каде во светот, да го носи печатот „Направено во Чаршијата“. Тоа е печат на автентичност, на историја и на иднина, нагласи Османи.

    Тој јасно порача дека во Чаршијата нема место за брза храна и комерцијални содржини кои го нарушуваат духот на просторот. Таму ќе има само традиционална храна, стари занаети и чисти улици кои ќе го вратат изгубениот сјај.

    -Нашата Чаршија е нашата гордост. Таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој. Тоа е темелот врз кој ќе ја изградиме иднината на Чаир и на Скопје, порача Османи.

    Со оваа визија, Османи ја потврдува својата решителност старата скопска Чаршија да ја постави во центарот на културниот и економскиот живот на градот.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.