Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски со почит за Струмичката петорка: Нивните имиња да останат дел од нашето колективно паметење

    13.08.2026 во 16:25

    Тројца вооружени мажи затекнати на Пелистер во строго заштитена зона

    13.08.2026 во 16:20

    Трагедија на Кожуф: Загина кавадарчанец откако дрво паднало врз него

    13.08.2026 во 16:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски со почит за Струмичката петорка: Нивните имиња да останат дел од нашето колективно паметење
    • Тројца вооружени мажи затекнати на Пелистер во строго заштитена зона
    • Трагедија на Кожуф: Загина кавадарчанец откако дрво паднало врз него
    • Ја заклучил мајка си во соба, полицијата му измерила над 3 промили алкохол – семејно насилство во делчевско
    • Трагедија во Аеродром: Маж го изгуби животот откако го прегазил виљушкар
    • Невреме ја зафати североисточна Македонија
    • Ангелов: Над 50 пожари ја зафатија Македонија, критично во Студеничани и Македонски Брод
    • Воздушна интервенција над село Габер: Четири авиони го гаснат пожарот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски со почит за Струмичката петорка: Нивните имиња да останат дел од нашето колективно паметење

    Мицкоски со почит за Струмичката петорка: Нивните имиња да останат дел од нашето колективно паметење

    13.08.2026 во 16:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска упати порака по повод одбележувањето на денот на Струмичката петорка — Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев.

    Тој посочи дека овие пет струмички студенти останаа запишани во македонската историја како симбол на генерација што сонувала за слобода и достоинство.

    На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Пет млади животи, пет струмички студенти, кои останаа запишани во македонската историја како симбол на една генерација што сонувала за слобода, достоинство и иднина за својот народ – истакна Мицкоски.

    Премиерот нагласи дека нивната трагична судбина претставува болна страница од историјата која носи обврска за градење подобра иднина.

    Нивната трагична судбина е дел од болните страници на нашата историја. Денес, со почит и достоинство, се поклонуваме пред нивниот спомен и ја чуваме обврската да ги паметиме сите жртви од минатото, градејќи иднина во која почитта, правдата и човечкото достоинство ќе бидат темели на нашето општество – порача тој.

    Мицкоски упати почит и до нивните семејства и до сите млади луѓе кои низ историјата носеле надеж за подобро утре.

    Денес им оддаваме почит на нивните семејства, на нивниот спомен и на сите млади луѓе кои низ историјата ја носеле надежта за подобра иднина. Нека нивните имиња останат дел од нашето колективно паметење. Вечна им слава! – заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Тројца вооружени мажи затекнати на Пелистер во строго заштитена зона

    13.08.2026 во 16:20

    Трагедија на Кожуф: Загина кавадарчанец откако дрво паднало врз него

    13.08.2026 во 16:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.