Close Menu
Press24
    Најново

    Вонредна дезинсекција во Битола поради ризик од Западнонилска треска

    13.08.2026 во 11:48

    Банкарите се обучуваа за е-Фактура: УЈП ја интензивира дигиталната трансформација

    13.08.2026 во 11:43

    Гренланд го блокираше дупчењето на американска нафтена компанија поврзана со Трамп

    13.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вонредна дезинсекција во Битола поради ризик од Западнонилска треска
    • Банкарите се обучуваа за е-Фактура: УЈП ја интензивира дигиталната трансформација
    • Гренланд го блокираше дупчењето на американска нафтена компанија поврзана со Трамп
    • Фрлиле дрога од прозорецот, па ги фатиле и за друг прекршок – МВР уапси две лица
    • Мета затвори над 750.000 профили на Инстаграм и Фејсбук
    • Тешка сообраќајка во Македонија: Се судрија автомобил и камион, двајца итно во болница
    • Измерени 34 степени уште во 11 часот – УХМР со метео предупредување за попладнево
    • ГАЛЕРИЈА: Акција на Царината – Тројца мигранти пронајдени скриени во камион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вонредна дезинсекција во Битола поради ризик од Западнонилска треска

    Вонредна дезинсекција во Битола поради ризик од Западнонилска треска

    13.08.2026 во 11:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци како превентивна мерка поради епидемиолошката состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска.

    Иако според Центарот за јавно здравје – Битола до 9 август беа реализирани сите предвидени редовни активности (три ларвицидни и три адултицидни третмани), прогласената епидемија во делови од Скопје наложи дополнителни мерки.

    Дополнителната ларвицидна дезинсекција, насочена кон уништување на ларвите, ќе се спроведе на 19 август.

    Адултицидната дезинсекција за уништување на возрасните комарци ќе се реализира од 23 до 27 август.

    Со комбинирањето на овие мерки, локалните власти очекуваат дополнително намалување на популацијата на комарци и превенција од пренос на векторски заболувања.

    Од Општина Битола информираат дека состојбата постојано ќе се следи во соработка со Центарот за јавно здравје и по потреба ќе се преземаат нови чекори.

    Поради тоа, локалната самоуправа ги повикува граѓаните да ја отстранат застојаната вода од дворовите, терасите и саксиите за да се спречи нивно размножување.

    Исто така, се препорачува користење заштитни мрежи на вратите и прозорците и примена на средства за лична заштита од убоди.

    Прочитај повеќе

    Фрлиле дрога од прозорецот, па ги фатиле и за друг прекршок – МВР уапси две лица

    13.08.2026 во 11:33

    Тешка сообраќајка во Македонија: Се судрија автомобил и камион, двајца итно во болница

    13.08.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.