Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драматичен скок на заразени од Западнонилска треска во Грција, во неколку скопски општини прогласена епидемија

    Драматичен скок на заразени од Западнонилска треска во Грција, во неколку скопски општини прогласена епидемија

    13.08.2026 во 09:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминатата седмица во Грција се регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западнонилска треска, со што вкупниот број на заразени од почетокот на летото достигна 110 лица, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

    Според податоците од неделниот извештај на ЕОДИ, евидентирани се и три нови смртни случаи. Од вкупно 110 заразени, дури 81 пациент има симптоми на централниот нервен систем, како енцефалитис, менингитис или акутна парализа. Во моментов 35 лица се хоспитализирани, 61 е отпуштен од болница, а кај петмина не била потребна хоспитализација. За споредба, минатата година во Грција имаше вкупно 96 случаи и девет починати.

    Состојбата се усложнува и во земјава, каде што македонското Министерство за здравство вчера (12 август) прогласи епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини и населби: Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и во Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

    Од почетокот на годината во Македонија се регистрирани 24 потврдени пациенти и двајца суспектни случаи. На Инфективната клиника се хоспитализирани 20 лица, од кои пет се во критична состојба и се поставени на механичка вентилација. Најголем дел од заболените се пензионери, а досега е регистриран еден смртен случај кај 83-годишен пациент со повеќе коморбидитети.

    Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец. Додека кај повеќето лица инфекцијата минува без симптоми или со полесна слика, кај повозрасните и лицата со ослабен имунитет постои голем ризик од тешки невролошки компликации.

    Здравствените власти препорачуваат заштитни мрежи на прозорците, користење средства против комарци, носење долги ракави и избегнување престој на отворено во раните утрински часови и околу зајдисонце. При појава на висока температура, силна главоболка, вкочанет врат, конфузија или слабост во екстремитетите, од ИЈЗ апелираат веднаш да се бара итна медицинска помош.

    Прочитај повеќе

    Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините

    21.10.2026 во 23:41

    „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага

    21.10.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.