Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Резултатите покажуваат дека Македонија се движи напред

    Стојаноски: Резултатите покажуваат дека Македонија се движи напред

    12.08.2026 во 13:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција истакна дека тврдењата на опозициската СДСМ за криза во македонската економија не соодветствуваат со официјалните економски показатели.

    Според Стојаноски, инфлацијата во јули бележи пад, додека индустриското производство, извозот и капиталните инвестиции остваруваат реален раст.

    „Почитувани, Последниве денови економските т.н. „експерти“ од СДС се обидуваат да создадат слика дека македонската економија е во криза, мешајќи го нивото на цените со инфлацијата и номиналните со реалните показатели. Официјалните бројки покажуваат нешто сосема друго. Инфлацијата во јули изнесува 2,3% на годишно ниво. Кај храната и безалкохолните пијалаци цените во јули се намалени за 1,1% во однос на јуни. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4%, односно 60% пониска во однос на априлското ниво. И тоа е факт“, изјави Стојаноски.

    Пратеникот појасни дека намалувањето на инфлацијата значи забавување на растот на цените, а не нивно целосно враќање на нивото од пред неколку години.

    „Секако, пониска инфлација не значи дека цените се вратиле на нивото од пред неколку години. Значи дека темпото на нивниот раст се намалува. Талогот од СДС тврди дека тоа било резултат на „замрзната економија“. Но ако економијата е замрзната, како индустриското производство во јуни расте за 6,5%, преработувачката индустрија за 7,9%, а производството на капитални производи за 8,6%? Само еден месец претходно СДС зборуваше за „слободен пад“ на индустријата. Денес, по најновите податоци, индустриското производство за целото прво полугодие е во плус“, истакна тој.

    Тој додаде дека растот е евидентен и во другите клучни сектори на економијата, вклучително извозот и бруто-домашниот производ.

    „Не расте само индустријата. Извозот во првите шест месеци е повисок за 8%, а реалниот БДП во првиот квартал расте за 3,1%. Подвлекувам – реален раст на БДП, што значи дека влијанието на цените веќе е земено предвид во пресметката. И капиталните инвестиции ги демантираат тезите на СДС. До крајот на јули се реализирани 21,3 милијарди денари капитални расходи, што е за 39,6% повеќе од истиот период минатата година. Истовремено, вкупните буџетски приходи се повисоки за 9,3%, а даночните приходи за 10%“, посочи Стојаноски.

    Во однос на животниот стандард, пратеникот се повика на податоците за движењето на платите во земјава.

    „И кај животниот стандард имаме важен показател – просечната нето-плата во мај расте за 8,2% номинално, а 3,2% реално. Значи, имаме намалување на инфлацијата, раст на БДП, раст на индустријата, извозот, капиталните инвестиции и реалните плати. Тоа не значи дека сите проблеми се решени. Но значи дека приказната на СДС за економски „колапс“ не ја издржува проверката со официјалните бројки. Ние ќе продолжиме со работа за повеќе инвестиции, производство, работни места и повисок животен стандард. Економијата не се мери со партиски соопштенија, туку со резултати. А резултатите покажуваат дека Македонија се движи напред“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.