Close Menu
Press24
    Најново

    Австриски климатолог предупредува: Ова е веројатно најладното лето во следните 300 години

    12.08.2026 во 11:05

    „Повеќе зеленило, почист воздух, поквалитетен живот” – Бутел добива мега парк од 50.000 квадратни метри

    12.08.2026 во 10:58

    Албанија ја зголеми површината на јавните плажи за над 300.000 квадратни метри

    12.08.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Австриски климатолог предупредува: Ова е веројатно најладното лето во следните 300 години
    • „Повеќе зеленило, почист воздух, поквалитетен живот” – Бутел добива мега парк од 50.000 квадратни метри
    • Албанија ја зголеми површината на јавните плажи за над 300.000 квадратни метри
    • ЕУ воведува строги правила 
    • УХМР со метео предупредување: Следува голема промена следните два дена
    • Скандал во Словенија: Лажен полицаец 18 месеци учествувал во акции на аеродромот „Брник“
    • Го фатиле со оружје – Македонската полиција приведе едно лице
    • Земјотрес со јачина од 5,2 степени го потресе Киргистан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Австриски климатолог предупредува: Ова е веројатно најладното лето во следните 300 години

    Австриски климатолог предупредува: Ова е веројатно најладното лето во следните 300 години

    12.08.2026 во 11:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По екстремните топлотни бранови, австрискиот регион Тирол се соочи со поројни дождови и бројни свлечишта. Познатиот метеоролог и климатолог Андреас Јегер посочува дека овие појави не се повремени аномалии, туку нова реалност.

    Изминатите месеци беа забележани рекордни температури незапамтени од почетокот на милениумот, при што повеќе од половина од мерните станици во регионот пријавиле историски рекордни горештини, објави 4news.mk.

    „Ова е веројатно најладното лето во следните 300 години. Климатските промени не се измама — тоа е чиста физика. Ситуацијата нема да се врати во нормала, туку ќе станува сè поекстремна додека не успееме барем да го забавиме овој тренд“, предупредува Јегер за Тирол ТВ.

    Според климатологот, еден од најголемите проблеми е исчезнувањето на снегот, кој со бавното топење традиционално ги обновуваше подземните води.

    Тој истакнува дека климата порано била ограничена од студот, додека денес температурата е доволна за раст на растенијата, но недостигот на вода станува главен ограничувачки фактор за земјоделството. Поради тоа, земјоделскиот сектор ќе мора темелно да се трансформира преку целогодишно покривање на почвата и нови техники на одгледување бидејќи досегашниот модел повеќе не е одржлив.

    Јегер го отфрла аргументот дека Европа е премала за да влијае врз глобалните емисии на јаглерод диоксид во споредба со САД и Азија. Тој потенцира дека Кина веќе предводи во зелената транзиција, а мерките за заштита на климата директно ја зајакнуваат енергетската независност, отпорноста и локалната економија.

    Експертот заклучува дека општеството сè уште го нема достигнато врвот на затоплувањето и дека наместо да се очекува враќање на старото време, ќе мора итно да се променат навиките и да се изврши прилагодување кон новиот климатски контекст.

    Прочитај повеќе

    Албанија ја зголеми површината на јавните плажи за над 300.000 квадратни метри

    12.08.2026 во 10:57

    ЕУ воведува строги правила 

    12.08.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.