Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

    МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

    20.09.2025 во 16:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

    Како што информира МЖСПП, резултатите од мерењата спроведени вчера и денеска покажуваат дека просечната концентрација на честичките е 9.7 µg/m³, а максималната измерена вредност изнесува 28.2 µg/m³.

    Вредноста во моментот на завршување на мерењето била 20.1 µg/m³.

    -Според добиените податоци, просечните концентрации на PM10 честичките во наведениот период се во рамки на дозволените граници и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие вредности се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух. Мерењата се реализирани со автоматски систем, користејќи ја следната метода и опрема AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време мерење и евиденција на концентрации на PM10 честички, со светлосен сноп и циклон селектор со проток од 2 l/min. Инструмент: ES-642, METONE, USA – сертифициран за индикативен мониторинг согласно MCERTS стандардите од Обединетото Кралство, наведува Министерството.

    МЖСПП напоменува дека контуинирано го следи квалитетот на воздухот, со цел навремено информирање и заштита на здравјето на населението. 

    Ресопрниот министер Изет Меџити денеска изјави дека ќе се преземат сите неопходни мерки за санирањето на еколошките штети од пожарот во Трубарево.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.