Close Menu
Press24
    Најново

    Татко повреден од ќерка, мајка претепана од ќерка, демолиран дом – Бранот семејно насилство не стивнува

    11.08.2026 во 14:41

    Вооружен инцидент ја потресе Македонија: Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син

    11.08.2026 во 14:33

    Приведени шест лица по масовна тепачка во Драчево: Повреден 16-годишник, нападнат и полицаец

    11.08.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Татко повреден од ќерка, мајка претепана од ќерка, демолиран дом – Бранот семејно насилство не стивнува
    • Вооружен инцидент ја потресе Македонија: Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син
    • Приведени шест лица по масовна тепачка во Драчево: Повреден 16-годишник, нападнат и полицаец
    • Превозниците од регионот се обединија околу проблемот со Шенген зоната за професионалните возачи – одржана регионална средба во организација на „Макам-транс“
    • „Баба ми и дедо ми украдоа 3,5 милиони денари“ – тетовчанец заработи кривична за лажно пријавување
    • Јаневска: Се воведуваат парични казни за родителите на деца кои вршат врсничко насилство
    • СДСМ: Власта ги извиси земјоделците
    • Малолетник со тешки повреди пренесен во болница – автомобил го удрил додека туркал тротинет, па избегал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Татко повреден од ќерка, мајка претепана од ќерка, демолиран дом – Бранот семејно насилство не стивнува

    Татко повреден од ќерка, мајка претепана од ќерка, демолиран дом – Бранот семејно насилство не стивнува

    11.08.2026 во 14:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Серија случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа низ повеќе градови во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    На 10.08.2026 во 16:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(46) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:30 часот во деловен објект во Гостивар физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 10.08.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од ОВР  Гостивар ја лишија од слобода А.П.(30), постапувајќи по претходна пријава  од нејзиниот 62-годишен татко од Гостивар, дека физички го нападнала, при што употребила и дрвен предмет и му нанела повреди. А.П. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.08.2026 во 22:35 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода Р.Ј.Н.(46) со престој во Радовиш. Според пријавеното, таа во куќата во која престојува во Радовиш физички ја нападнала нејзината 72-годишна мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 11.08.2026 во 04:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 47 – годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.К.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривична дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 30.04.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани и физички ја нападнал неговата сопруга.

    На 11.08.2026 во 01:50 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Н.(37), постапувајќи по претходна пријава дека на 10.08.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом, под дејство на алкохол, оштетил дел од покуќнината и се заканувал на членови на семејството. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.08.2026 во 11:30 часот во СВР Штип, 51-годишен маж од Штип пријави дека околу 03:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син А.И., кој употребил и тврд предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Прочитај повеќе

    Вооружен инцидент ја потресе Македонија: Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син

    11.08.2026 во 14:33

    Приведени шест лица по масовна тепачка во Драчево: Повреден 16-годишник, нападнат и полицаец

    11.08.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.