Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Скок на енергетските пазари: Нафтата достигна највисока цена во последните пет месеци
    • Масовни протести во Франција – Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
    • Сообраќајка во Скопје: 75-годишен велосипедист тешко повреден во судир со мопед
    • 19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
    • Полициска акција низ Скопје: Уапсени седум скопјани и турски државјанин со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Центар со јавна анкета за ДУП-от за Барутана, Герасимовски ги повика граѓаните на учество

    Општина Центар со јавна анкета за ДУП-от за Барутана, Герасимовски ги повика граѓаните на учество

    11.08.2026 во 10:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, со цел вклучување на јавноста и граѓаните во процесот на донесување одлуки.

    Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел до жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки.

    „Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. Одлуките треба да ги носиме заедно со граѓаните. Затоа ги повикувам сите жители да се вклучат во јавната анкета, бидејќи секое мислење е важно и секој предлог заслужува внимание. Само преку отворен дијалог можеме да носиме одлуки што ќе бидат во интерес на граѓаните“, порача Герасимовски.

    Јавната анкета ќе трае од 13 август до 14 септември 2026 година.

    Граѓаните ќе можат да пополнуваат анкетни листови во писмена форма секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во ООУ „Кочо Рацин“ (ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2), каде што нацрт-планот ќе биде изложен.

    Исто така, анкетните листови се достапни и во електронска форма преку веб-страницата на Општина Центар и информацискиот систем е-урбанизам.

    Јавната презентација на Нацрт ДУП-от е закажана за 3 септември 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар (сала за состаноци, барака 6).

    Нацрт-планот за Барутана се однесува на периодот 2025–2030 година и опфаќа површина од 6,89 хектари, дефинирана на север, исток и запад по оска на новопланираната улица „Јужна обиколница“, а на југ по границата на ГУП на Град Скопје.

    За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-605 и 02/3203-660 или на е-пошта planiranje@centar.gov.mk.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.