Зборот е збор – за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот ,,Борис Трајковски! Ова го напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
-По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани.
Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а наскоро започнуваме со поставување на првиот слој асфалт.
Ветивме и реализираме!
Жителите од овој дел на Скопје ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар каков што одамна заслужуваат.
Кога се сака – сѐ се може!
Скопје го правиме заедно!, напиша Ѓорѓиевски.

