На 9 август 2026 година во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во Велешко пријавила дека во нејзиниот дом таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ. и братот А.Џ.
Според пријавеното, при нападот бил употребен и дрвен предмет, кој подоцна бил пронајден и одземен од полициски службеници.
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

