Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема

    Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема

    07.10.2026 во 09:052 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Вевчани во изминатата година реализирала повеќе инфраструктурни и комунални проекти, насочени кон подобрување на условите за живот и уредување на јавниот простор.

    Во патната инфраструктура, во соработка со Министерството за транспорт, обезбедени се средства за целосна реконструкција на четири локални улици со вкупна должина од околу пет километри. Реконструирано е и уличното осветлување, при што поставени се подземна инсталација и нови канделабри.

    Во текот на годината се работело и на уредување на јавните површини, пешачките патеки и пристапните патишта, како и на изградба на бетонски канали за наводнување.

    Во централното подрачје на Вевчани е обезбеден и бесплатен интернет преку проектот „Wi-Fi за Западен Балкан“, реализиран во соработка со GIZ.

    Инвестиции се реализирани и во туристичката инфраструктура. Реконструиран е дел од осветлувањето кај локалитетот „Вевчански извори“, а активностите за целосна реконструкција продолжуваат. Воедно, продолжи и одржувањето на манифестацијата „Вевчанско лето“, која е дел од културната и туристичката понуда на општината.

    Со средства од општинскиот буџет е уреден и дворот на детската градинка. Работите опфатиле проширување на пристапната патека, изградба на потпорен ѕид, поплочување, обезбедување дополнителни паркинг места, како и поставување нова ограда, клупи и корпи за отпадоци.

    Инвестиции се направени и во Јавното комунално претпријатие. Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбедени се специјална машина за одржување на канализациониот систем и хидрауличен мини-багер.

    Дополнително, обезбедени се 850 канти за комунален отпад, со што секое домаќинство во општината добило бесплатна канта. Во рамките на регионалниот проект за управување со цврст отпад обезбедено е и специјално возило за собирање отпад.

    Од Општина Вевчани најавуваат продолжување на инвестициите во инфраструктурата, комуналните услуги и туризмот, со цел подобрување на условите за живот на жителите.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.