Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“
    • Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра
    • Студено утро во Македонија, температури под нула – Попладне нагло ќе пораснат
    • Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема
    • Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник
    • Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“

    Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“

    07.10.2026 во 09:513 Mins Read
    Дарко Василевски, приватна архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски, шест дена штрајкуваше со глад  пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, откако изминатиот период не добил никаков одговор од надлежните институции на неговите прашања и реакции.

    -Штрајк ден 6.

    Вечерва заминувам од пред Деканатот на Медицинскиот факултет со крената глава, затоа што барем укажав на неправдата со која се соочуваат медицинските лица кај нас кои немаат славно име, поддршка или, во мојов случај, имаат многу години. Се надевам дека овој мој потег ќе биде поттик во иднина да се зборува многу повеќе и многу погласно.

    Денес, по 6 дена, конечно за првпат ме посети мој колега, пријател, лекар кој ми ја понуди својата поддршка и засекогаш ќе му бидам благодарен за тоа. Благодарен сум и на јавноста, луѓето кои не ги познавам кои дојдоа да ми понудат помош или јавно или преку пораки застанаа на моја страна и ми влеваа надеж дека оваа моја битка нема да заврши неславно.

    Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицински факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите. За скоро една недела, скоро никој не се одважи да ме праша како сум, да побара решение или да ми понуди конкретен разговор.

    Дури и од колегите лекари, од кои очекував ако не поддршка, барем некој охрабрувачки збор, бев претставен како неработник, тие изнесоа мои лични податоци јавно во обид да ме дискредитираат. Ви благодарам за сите наведнати глави.

    Во ниеден момент не жалам што кренав глас, што сам пробав да се изборам за себе, што се обидов да ставам крај на неправдите. Се надевав дека мојот случај ќе биде лекција како не треба во иднина, дека треба секому да се даде шанса, праведна, а не да се бројат години или да се влечат врски.

    Си одам со благо нарушено здравје, ама горд на себе што издржав и не каснав ни залак, што не потклекнав под притисокот, што барем јавноста се сплоти околу мене.

    Јас и понатаму ќе продолжам да живеам за медицината, ќе се надградувам, ќе се едуцирам, ќе го усовршувам своето знаење и искуство и, пред сè, ќе останам посветен на она што отсекогаш ми било најважно – да бидам добар лекар.

    Фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.

    Фала ви на сите за поддршката, а јас и понатаму ќе одам против ветерници, не знам како поинаку!, напиша докторот на Фејсбук.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок

    07.10.2026 во 09:35

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра

    07.10.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.