Close Menu
Press24
    Најново

    Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси

    10.08.2026 во 22:31

    Колумбија: Земјотрес од 7,4 степени усмрти повеќе од 80 лица, разурнати згради и вонредна состојба

    10.08.2026 во 22:18

    Зајакната акциска контрола на МВР – санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

    10.08.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси
    • Колумбија: Земјотрес од 7,4 степени усмрти повеќе од 80 лица, разурнати згради и вонредна состојба
    • Зајакната акциска контрола на МВР – санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
    • Океаните достигнаа рекордно висока температура во јули
    • Николоски: Заврши тендерот за набавка на 150 нови електрични автобуси, првите 30 ќе пристигнат до декември или јануари
    • Николоски: Безобразно е опозицијата да напаѓа за одмори, а Филипче еден месец не сме го виделе
    • Комплетно реновиран објектот „Кокиче“ кој е во состав на градинката „Весели Цветови“ во Кисела Вода
    • Регистрирани 15 пожари на отворено – седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси

    Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси

    10.08.2026 во 22:311 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА.

    Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен простор.

    Телевизијата „Фокс њуз“ и весникот „Њујорк пост“ објавија дека авионите биле пресретнати во близина на голф-клубот на Трамп, каде што тој го минал викендот.

    Американската војска не соопшти колку борбени авиони учествувале во операцијата, ниту објави дополнителни информации за авионите што ги прекршиле ограничувањата за летање.

    Привремени ограничувања за летови редовно се воведуваат околу местата каде што престојуваат американските претседатели од безбедносни причини. Такви прекршувања се случуваат повремено и најчесто станува збор за помали авиони, забележува ДПА.

    Од НОРАД ги повикаа пилотите пред секој лет да ги проверуваат важечките ограничувања во воздушниот простор.

    Прочитај повеќе

    Колумбија: Земјотрес од 7,4 степени усмрти повеќе од 80 лица, разурнати згради и вонредна состојба

    10.08.2026 во 22:18

    Океаните достигнаа рекордно висока температура во јули

    10.08.2026 во 21:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.