Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија, напиша нa својата Фејсбук страница, заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители.
-Во касарната Илинден оддадовме почит на 8-те припадници на резервниот состав и се потсетуваме на овој трагичен настан од 2001 година. Нивната храброст и одлучност да ја бранат татковината заслужува целосна почит. Почит за нивните семејства кои 25 години живеат со тага за загубатa, напиша Николоски.

