Close Menu
Press24
    Најново

    Полициска акција во Штип: Фатени на дело при продажба на марихуана, пронајдена дрога, пари и нож

    10.08.2026 во 11:58

    На повидок разладување во Македонија – температурите ќе паднат за неколку степени

    10.08.2026 во 11:51

    ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им смета македонското сонце, тие се последните кои можат да говорат за понижување

    10.08.2026 во 11:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полициска акција во Штип: Фатени на дело при продажба на марихуана, пронајдена дрога, пари и нож
    • На повидок разладување во Македонија – температурите ќе паднат за неколку степени
    • ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им смета македонското сонце, тие се последните кои можат да говорат за понижување
    • СДСМ: Власта потроши милиони, а го утна македонското знаме на прославата за независноста
    • Внимавајте каде се движите на Халкидики – од денеска се воведуваат забрани за движење, казните се 300 евра
    • Топлотниот удар зема замав: Над 30 степени во 11 часот, ова се температурите низ градовите
    • Оставиле запалена свеќа на рафт – За влакно избегнат пожар во маркет во Македонија
    • Тешка сообраќајка ја разбуди Македонија – Повредени три деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полициска акција во Штип: Фатени на дело при продажба на марихуана, пронајдена дрога, пари и нож

    Полициска акција во Штип: Фатени на дело при продажба на марихуана, пронајдена дрога, пари и нож

    10.08.2026 во 11:582 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен од слобода и кај него се пронајдени марихуана и нож.

    За настанот биле запознаени јавен обвинител и судија на претходна постапка, по што полициски службеници отишле во домот на М.Б., каде што ја затекнале А.Б.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип. Од извршениот преглед во станот биле пронајдени и одземени неколку ќеси и повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја и дигитална вага.

    М.Џ.У., А.Б. и Ф.Р. се задржани во полициска станица и на 09.08.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува А.Б. во Штип, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, пари во различни валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

    Во врска со настанот поднесена е кривична пријава, а на лицата М.Џ.У. и А.Б. им е одредена мерка притвор.

    Прочитај повеќе

    Оставиле запалена свеќа на рафт – За влакно избегнат пожар во маркет во Македонија

    10.08.2026 во 11:15

    Тешка сообраќајка ја разбуди Македонија – Повредени три деца

    10.08.2026 во 11:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.