Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за 25 години од Љуботенски Бачила: „Мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“

    10.08.2026 во 10:39

    „10 август не е само датум, туку ден за почит кон бранителите“ – Почит за загинатите бранители кај Љуботенски Бачила

    10.08.2026 во 10:33

    Аларм на Корчула: Некој снима капачи со дрон: „Не се чувствуваме безбедно“

    10.08.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за 25 години од Љуботенски Бачила: „Мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“
    • „10 август не е само датум, туку ден за почит кон бранителите“ – Почит за загинатите бранители кај Љуботенски Бачила
    • Аларм на Корчула: Некој снима капачи со дрон: „Не се чувствуваме безбедно“
    • По 30 часа борба – Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка
    • Вучиќ прогнозира долготрајна војна
    • ВМРО-ДПМНЕ со жестока реакција: „На СДС сега им смета и македонското сонце“
    • СДСМ бара одговори од Владата: „Тендер патриотите“ го погрешија македонското знаме
    • Прво целосно помрачување на Сонцето во Европа по 27 години: Од Македонија ќе се гледа само делумно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за 25 години од Љуботенски Бачила: „Мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“

    Мицкоски за 25 години од Љуботенски Бачила: „Мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“

    10.08.2026 во 10:392 Mins Read
    Александар Николоски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук по повод 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила.

    -Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

    На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

    Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

    Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

    Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.

    Вечна им слава на бранителите!, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

    На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон месноста Љуботенски Бачила, животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    „10 август не е само датум, туку ден за почит кон бранителите“ – Почит за загинатите бранители кај Љуботенски Бачила

    10.08.2026 во 10:33

    По 30 часа борба – Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка

    10.08.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.