На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите од ЦУК, активни огномети се бележат на следниве локации:
- Општина Аеродром: Во селото Горно Лисиче гори ниска вегетација, дрва и пченка;
- Општина Илинден: На автопатот Скопје – Велес, спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“, гори ниска вегетација;
- Општина Босилово: Во селото Турново гори стрниште;
- Крива Паланка: Пожар ги зафати депонијата на излезот од градот;
- Општина Гостивар: Во селото Симница горат ниска вегетација, стрништа и грмушки.
Пожарот во Општина Зелениково, кој изби над истоименото село и зафати шума и ниска вегетација, во меѓувреме е ставен под контрола.
Пожарникарите успеаја целосно да ги изгаснат пожарите во селото Грчец во Општина Сарај, кај Новите градски гробишта во Прилеп, како и во селото Црвивци во Општина Кичево.

