Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали за трагедијата во Радишани: За да избегне судир со возило што му го пресекло патот, мотоциклист преминал во спротивната лента и удрил во друг автомобил

    09.08.2026 во 12:52

    Измерени 34 степени во 11 часот: Погледнете ги температурите низ Македонија

    09.08.2026 во 12:38

    УХМР: Невреме во Кочани

    09.08.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали за трагедијата во Радишани: За да избегне судир со возило што му го пресекло патот, мотоциклист преминал во спротивната лента и удрил во друг автомобил
    • Измерени 34 степени во 11 часот: Погледнете ги температурите низ Македонија
    • УХМР: Невреме во Кочани
    • Притвор за двајца скопјани: Едниот за обид за убиство со нож, другиот за семејно насилство
    • УХМР најавува високи температури и ден и ноќ: Дестабилизација дури при крајот на неделата
    • Висок ризик од пожари во повеќе региони, ЦУК апелира на зголемена внимателност
    • Скопјанец остана без својот автомобил – возел пијан и без возачка
    • Стојчевски: Општина Штип ја распродава државната земја за бизнис интереси, бараме итно поништување на огласите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови детали за трагедијата во Радишани: За да избегне судир со возило што му го пресекло патот, мотоциклист преминал во спротивната лента и удрил во друг автомобил

    Нови детали за трагедијата во Радишани: За да избегне судир со возило што му го пресекло патот, мотоциклист преминал во спротивната лента и удрил во друг автомобил

    09.08.2026 во 12:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за – Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл “кавасаки” кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење.

    За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока.

    Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот “алфа ромео”.

    Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

    Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.

    Прочитај повеќе

    Притвор за двајца скопјани: Едниот за обид за убиство со нож, другиот за семејно насилство

    09.08.2026 во 12:32

    Скопјанец остана без својот автомобил – возел пијан и без возачка

    09.08.2026 во 12:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.