Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрираше локална нестабилност на временските услови во источниот дел од државата.
Според најновите информации од метеоролошките служби, нестабилното време е забележано во планинските подрачја северно од Кочани.
„Нестабилност со дожд и грмежи во планинските предели северно од Кочани“, соопштија кратко од УХМР.

