Close Menu
Press24
    Најново

    Јамалов: Владата со инвестиции во инфраструктурата и авиосообраќајот го развива туризмот

    09.08.2026 во 11:45

    Обвинителството поднесе обвинение за несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

    09.08.2026 во 11:43

    Поповиќ: Над 4.700 граѓани побараа помош во Гостивар, а одговорност за водата сè уште нема

    09.08.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јамалов: Владата со инвестиции во инфраструктурата и авиосообраќајот го развива туризмот
    • Обвинителството поднесе обвинение за несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист
    • Поповиќ: Над 4.700 граѓани побараа помош во Гостивар, а одговорност за водата сè уште нема
    • Манасиевски: Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена
    • ВМРО-ДПМНЕ за инцидентот во Ново Село: СДСМ застанува зад лица со кривични досиеја
    • СДСМ: Директор на Управа стои зад текстот со говор на омраза против Филипче, се бара одговорност од Владата
    • Апсења во Карпош: Запленети кокаин, марихуана и дигитална вага, приведени четири лица
    • Православните верници го слават Свети Пантелејмон: Заштитник на лекарите и патниците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јамалов: Владата со инвестиции во инфраструктурата и авиосообраќајот го развива туризмот

    Јамалов: Владата со инвестиции во инфраструктурата и авиосообраќајот го развива туризмот

    09.08.2026 во 11:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата, која преку инфраструктурни и развојни проекти ја подобрува туристичката понуда и ја зголемува поврзаноста со регионот и Европа, истакна денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов.

    Тој како еден од најзначајните проекти ја посочи изградбата на брзата железничка пруга Скопје – Солун, која според него ќе овозможи побрз пристап до морето и зголемен број туристички посети во двата правци, додека Гевгелија ќе се развие во значаен сообраќаен и економски центар.

    „Почитувани, Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат поврзаноста на државата со регионот и Европа и да создадат нови можности за локалниот економски развој. Еден од најзначајните проекти е изградбата на брзата железничка пруга Скопје – Солун, која ќе претставува најголем инфраструктурен проект не само за Македонија, туку и за целиот регион на Југоисточна Европа“, изјави Јамалов.

    Пратеникот посочи дека во Гевгелија се реализираат повеќе проекти, меѓу кои изградбата на западниот булевар, реставрацијата на старата чаршија, завршувањето на браната Конско со која ќе се добие ново вештачко езеро, како и реконструкцијата на патот до ски-центарот Кожуф.

    Во делот на авиосообраќајот, Јамалов потенцираше дека преку програмата за субвенционирање од есента 2024 година досега се обезбедени 21 нова авиолинија од скопскиот и охридскиот аеродром, со што државата станува подостапна за странските туристи.

    „Во исто време се инвестира и во модернизација на аеродромската инфраструктура. Реконструкцијата на охридскиот аеродром е во завршна фаза, со нов терминал, нова административна зграда и проширување на капацитетите за прием на патници и авиокомпании. Резултатите веќе се видливи, при што охридскиот аеродром забележува рекорд со повеќе од 3.000 опслужени патници во еден ден. Почитувани, Сите овие инвестиции се дел од јасна стратегија за развој на туризмот преку подобра инфраструктура, поголема поврзаност и создавање нови туристички содржини“, нагласи Јамалов.

    Прочитај повеќе

    Поповиќ: Над 4.700 граѓани побараа помош во Гостивар, а одговорност за водата сè уште нема

    09.08.2026 во 11:41

    Манасиевски: Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена

    09.08.2026 во 11:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.