Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена

    09.08.2026 во 11:34

    ВМРО-ДПМНЕ за инцидентот во Ново Село: СДСМ застанува зад лица со кривични досиеја

    09.08.2026 во 11:25

    СДСМ: Директор на Управа стои зад текстот со говор на омраза против Филипче, се бара одговорност од Владата

    09.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена
    • ВМРО-ДПМНЕ за инцидентот во Ново Село: СДСМ застанува зад лица со кривични досиеја
    • СДСМ: Директор на Управа стои зад текстот со говор на омраза против Филипче, се бара одговорност од Владата
    • Апсења во Карпош: Запленети кокаин, марихуана и дигитална вага, приведени четири лица
    • Православните верници го слават Свети Пантелејмон: Заштитник на лекарите и патниците
    • СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, а надлежните бегаат од одговорност
    • Гори депонијата кај Крива Паланка: Екипите повеќе од 12 часа се на терен
    • ЦУК со најнови детали: Регистрирани 25 пожари на отворено – три се сè уште активни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена

    Манасиевски: Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена

    09.08.2026 во 11:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики и обвинувања до раководството на опозициската СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче.

    Според Манасиевски, партиските кадри кои се промовираат во јавноста имаат спорни биографии и кривични досиеја.

    „Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт. Талогот од СДС си го покажа вистинското лице“, истакна Манасиевски.

    Тој посочи конкретни имиња на лица за кои тврди дека се дел од опкружувањето на раководството на СДСМ.

    „Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Манасиевски направи паралела и со поранешните функционери на опозициската партија, упатувајќи обвинувања за нивното досегашно делување.

    „Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС“, посочи тој.

    На крајот од прес-конференцијата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека правосудните органи досега соодветно не реагирале.

    „И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче. Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија. Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за инцидентот во Ново Село: СДСМ застанува зад лица со кривични досиеја

    09.08.2026 во 11:25

    СДСМ: Директор на Управа стои зад текстот со говор на омраза против Филипче, се бара одговорност од Владата

    09.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.